Што помислуваат луѓето за вас уште во првите 10 минути?

Нема други прилики за поправање на првиот впечаток. Затоа обично внимаваме на тоа како се однесуваме и што зборуваме кога ќе запознаеме некој нов. Но, пред да стигнете да ја магепсате личноста која штотуку сте ја запознале со вашиот хумор и интелект, таа веќе има формирано основно мислење за вас.



Имено, експертите велат дека се потребни 10 секунди од моментот на запознавање за создавање на тоа мислење. За време на многу истражувања воочено било дека во такви прилики веднаш бараме „примероци“ во однесувањето, изгледот или ставот кои ни се препознатливи и врз основа на тоа ги ставаме луѓето во одредени категории, па оттаму, а и потпирајќи се на претходните искуства, носиме одлука дали личноста ни се допаѓа или не.

Секако, нашата проценка би можела да биде потполно погрешна бидејќи таквата количина на информации не е доволна за да би можеле да донесеме праведно судење за некого.

Еве кои работи ги „осознаваат“ луѓето во рок од 10 секунди откако ќе ве запознаат:

Дали сте богати или сиромашни – со скенирање на облеката која ја носите луѓето ќе заклучат каква е вашата финансиска состојба. Брендираните и дизајнерски парчиња облека со истакнати логоа наведуваат на заклучок дека вашата финасиска состојба е одлична и дека заработувате многу.

Дали сте паметни – личностите кои ги гледаат луѓето во очи додека разговараат со нив генерално се перцепираат како поинтелигентни. Носењето наочари е „физичка“ карактеристика која луѓето најчесто ги тера да помислат дека личноста со која комуницираат е паметна.



Дали сте доминантни – добра вест за ќелавите мажи. На прв впечаток тие делувааат посилно и подоминантно од мажите кои имаат погуста коса.

Дали сте промискуитетни – мажите со „флерт“ пристап веднаш се „обележани“ од страна на жените како промискуитетни. Од друга страна, мажите ги ставаат скудно облечените жени со попровокативен настап во иста категорија.

Дали сте екстроверт или интроверт – опушетениот начин на одење и мафтање со рацете се толкува како екстровертност, додека вкочанетоста и срамежливоста се знаци на интровертност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби