Три дизајнери три различни модни приказни

Со ревиите на Јована Филиповиќ , Елена Спасовска и Венера Мустафа од Косово, се одржа вториот ревијален ден на есенскиот Моден викенд Скопје , под мотото „Мода и културно наследство“, вчеравечер во Музејот на Македонија.

Јована Филиповиќ ја прикажа колекцијата за актуелната есен/зима 2015/2016 за која вели дека „претставува одраз на некое идно совршено време. Иднина во која уметноста, дизајанот и архтектурата се движечка сила. Влијанието на нео - футуристичкиот минимализам на градбите на Заха Хадид и Калатрава се внимателно пресликани во секој елемент од колекцијата. Градби кои се одраз на времето кое допрва треба да дојде“.

На второто модно шоу се претстави дизајнерката Елена Спасовска која инспирацијата за колекцијата ја наоѓа во жената од работничката класа, нејзиниот молк наспроти нејзиниот херојски став.

-Колекцијата истражува како оваа жена минува низ сопствената интимна револуција. Таа е инспирацијата за колективна сила. Централна тема е текстилот и текстилната индустрија. Во колекцијата се користени природни материјали волна, памук и свила, а за прв пат во мојот дизајн ќе презентирам и кроеви од плетени материјали, вели Спасовска за својата најнова колекција.

Косовската дизајнерка Венера Мустафа, која во Македонија за прв пат имаше ревија во рамките на Моден викенд Скопје 12, ја донесе колекцијата „Сондер-секој има приказна“.

Мустафа колекцијата ја опишува како „ Производ на инспирација базирана на цветови од мочуриштето, фламнига и капки солзи кои комуницираат меѓусебно во форма на ткаенини, бои и текстура“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби