Особини на хронично несреќни луѓе

Постојат милијарди луѓе на нашата планета кои се навистина среќни. Останатите се наоѓаат некаде помеѓу среќата и тагата, во зависност од денот. Она што треба да го имаме на ум е дека секој од нас има лоши денови, па дури и недели, кога запаѓаат во некоја зона. Разликата меѓу среќниот и несреќниот живот е во тоа колку долго ќе останеме во тие зони.



Прочитајте ги следните особини на хронично несреќните луѓе и откријте дали поседувате некои од нив.

Живеете во верување дека животот е тежок

Среќните луѓе знаат дека животот може да биде тежок, но имаат тенденција преку тешките времиња да минуваат со став на љубопитност, а не да прават жртва од себе. Тие преземаат одговорност за тоа што се нашле во неред и настојуваат што побрзо да се извлечат од тоа.

Сметате дека на никој не може да се верува

Не тврдиме дека не е важно здравото расудување, но повеќето среќни луѓе им веруваат на своите блиски. Не мислат дека сите се против нив, туку веруваат во доброто на луѓето. Тие се отворени и пријателски настроени кон луѓето кои ги среќаваат, го зацврстуваат чувството на заедницата околу себе и ги запознаваат луѓето со отворено срце. Несреќните луѓе сметаат дека на странците не може да им се верува, што им го отежнува стекнувањето на нови пријатели.

Се концентрирате на она што е лошо во светот, а не она што е добро

Постојат многу лоши работи во светот, но она што е погрешно е тоа што несреќните луѓе се слепи и глуви пред доброто, а се фокусираат на она што е лошо. Среќните луѓе се свесни на глобалните прашања, но се трудат да ја урамнотежат својата загриженост фокусирајќи се на доброто во овој свет.



Се споредувате со другите и љубоморни сте

Несреќните луѓе веруваат дека некој им ја краде среќата, што создава чувство на љубомора. Среќните луѓе сметаат дека во себе носат единствен план на среќа кој никој не може да им го украде.

Настојувате да го контролирате својот живот

Среќните луѓе секојдневно работат на постигнување на целите, но сфаќаат дека не може да се избега од судбината. Несреќните луѓе имаат тенденција да се откажат кога животот им ги менува плановите. Клуч на успехот е фокусирањето на целта и оставањето на простор за работите кои не можат да се контролираат и да не допуштиме да ни се уништат плановите.

Размислувате за вашата иднина со страв и грижи

Навистина има голем простор меѓу вашите уши. Несреќните луѓе ги исполнуваат своите мисли со она што би можело да тргне на лошо, наместо да се фокусираат на добро. Среќните луѓе имаат здрава доза на илузија, си допуштаат себеси да фантазираат за тоа што би сакале да имаат во животот. Несреќните луѓе, главата си ја исполнуваат со грижи и страв.

Вашите разговори се исполнети со озборувања и преговори

Несреќните луѓе сакат живот во минатото. Нивните разговори се сведуваат на животни тешкотии и она што им се случило. Кога нема веќе работи за раскажување, тогаш се осврнуваат на минатиот период и озборување на другите луѓе. Среќните луѓе живеат сега и сонуваат за иднината. Можете да ја почувствувате нивната позитивна вибрација насекаде околу нив. Тие се возбудени за она што работат и благодарни се на она што го имаат.

Едноставно немате причина да имате несреќен живот!

via GIPHY



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби