Како правилно да нанесете мат кармин

Благодарение на познатите жени, кои ги популаризираат, мат кармините веќе подолго време се хит на пазарот. Сепак, поради нивната текстура и недостатокот на сјаен ефект на усните остават чувство на сувост и затегнување. Во прилог ви донесуваме неколку совети со чија помош мат карминот полесно ќе го нанесете и ќе изгледа беспрекорно во текот на целиот ден.



Иако се препорачува триење на усните со четка за заби, често се покажува како премногу груб третман, особено ако имате чувствителни усни. Наместо четкичка, користете тенко памучно шамиче или крпа направена од мек материјал со која секоја вечер нежно ќе ги триете усните и на тој начин од нив ќе ги отстраните мртвите клетки.



Мат кармините, освен чувство на сувост често оставаат впечаток и дека секоја нанесена нијанса не ви стои добро. Затоа, пред да го ставите карминот за усни, нанесете малку течна пудра која секојдневно ја користите. На тој начин помеѓу усните и карминот ќе создадете неутрален слој што уште повеќе ќе ја нагласи бојата на карминот.



Не употребувајте четкичка

Кога станува збор за нанесување на производи за шминкање, се препорачува користење на четка, но ако е во прашање кармин, тоа не е добро решение. Карминот треба да се нанесе директно на усните, затоа што единствено така рамномерно ќе се распореди.

Молив за усни

Наместо вообичаената примена на моливот за усни пред кармин, направете го тоа потоа. Иако звучи чудно, верувајте дава најдобар ефект. Само на овој начин ќе се избегнат бескрајните обиди да се нацртаат прецизни линии и усните исцртаат совршено.



Отстранување на кармин

Мат кармините потешко се бришат од обичните, па и од остатокот од шминката, но и за тоа постои решение. Наместо да го отстранувате со агресивни средства или марамчиња за бршење на шминка, направете го тоа со туфер или памукче и благ крем или лосион за тело. Така ќе ги отстраните сите траги од кармин и воедно ќе ги нахраните усните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби