ТАА ГО ЛОВИ ВАШИОТ СОПРУГ

Како да се справите со потенцијалната љубовница?

Вашиот брак изгледа совршено, додека не дознаете дека постои друга жена која сака да ви го украде сопругот.

Без разлика дали само флертува со него или пак успеала да му се вовлече под кожа, свесни сте дека мора нешто да направите за да ја тргнете оваа соперничка од патот.

Која е нејзината слаба точка?

Овен – скандал мајстор

Безмилосни ловци кои не ретко се подготвени да ви го украдат сопругот ако му го фрлат пикот. Тешко се откажуваат од пленот, но и за нив има лек. Сè што треба да направите е да ја испровоцирате до тој степен да изгуби контрола. Тогаш станува агресивна, прави скандали и се однесува дрско, однесување што ќе го одбие секој маж.

Бик – жена со многу барања

Мажите лесно потпаѓаат под нејзиниот шарм, затоа што е убава, негувана и женствена, но таа никогаш не се согласува да остане само љубовница. Овие жени најчесто сакаат удобен и луксузен живот, па еден од начините да и ги скратите крилјата е да му ги скратите сите финансиски вентили на партнерот за да не може да и купува скапи подароци и да ги исполнува желбите.

Близнаци – најлесни за откачување

Ако жена близнак му се залепила на вашиот сакан, тогаш не треба премногу да се грижите. Ќе бидат заедно додека и е интересно, а потоа преку ноќ ќе го откачи како воопшто да не го познавала. Нејзината непостојаност, е ваша предност, па само останува да бидете стрпливи до тој момент.

Рак – опасен противник

Се однесува скромно и незаштитено и остава впечаток дека треба да биде чувана. Мажите паѓаат на тоа бидејќи покрај неа се чувствуваат мажествено. За да ја победите треба да и ја разбудите ладната страна. Откако ќе падне маската на добра и фина дама, вашиот партнер повеќе нема да сака да има ништо со новата бескрупулозна жена која се крие под неа.

Лав – кратко и слатко

Лавицата ќе се најде во улога на љубовница само ако е незадоволна од нешто во својот живот. Ќе го заведе туѓото, за да си докаже себе си дека се уште може да добие што ќе посака, а потоа ќе го отфрли. Доколку вашата соперничка е во знакот на лав најдобриот начин да ја совладате, е да бидете погламурозна и повпечатлива од неа.

Девица – жена со грижа на совест

Девиците може ретко паѓаат во искушение да станат нечии љубовници, па ако им се случи такво нешто тогаш навистина се заљубиле. Тогаш се опасни тактичари и затоа е тешко да откриете дали имаат нешто со вашиот сопруг или не. Ако сакате да ја тргнете од патот играјте на картата грижа на совест. Девицата сама ќе се повлече кога ќе и потенцирате дека уништува нечиј дом.

Вага – бега под притисок

Може да биде опасна зошто е голем дипломат. Сака да флертува и да прави интриги. Тешко е дека ќе се согласи на искрен разговор ако ја повикате. Сепак, доколку и извршите притисок и мошне јасно и покажете каде и е местото самата ќе се повлече.

Скорпија – најопасна соперничка

Таа знае како да го заведе и знае како да го задржи. Освен тоа удира каде што е најболно. Можете да се ослободите од неа само ако ја разбудите нејзината одмаздољубивост, која ќе му даде на знаење на вашиот партнер дека си има работа со опасна жена.

Стрелец – премногу посесивна

Освојува со смислата за хумор и непосредноста. Секогаш е подготвена да го сослуша и да го разбере мажот. Но, има негативна страна, а тоа е потребата за контрола. Затоа додека таа се обидува да го стави под нога, вие однесувајте се потполно спротивно. За кратко време ќе ја сфати разликата помеѓу вас и неа.

Јарец – не го сака туѓото

Вообичаено жената јарец не одзема туѓи мажи. Па затоа и не треба многу да се грижите за неа. Најверојатно таа била покрај вашиот партнер кога му требало пријателка. За да ја победите оваа сопарничка едноставно бидете поблиски со сопругот и обидете да го сослушате кога му е потребно.

Водолија – непостојана заводничка

Ако и се допаѓа вашиот сакан ќе се обиде да го заведе на интелигентен начин. Сепак, нема за долго да остане со него ако забележи дека вашиот однос е сериозен и дека не планирате да се повлечете. Улогата на љубовница е премногу комплицирана за неа.

Риби – неверна

Со рибите никогаш не се знае на што сте. Во тоа е и нивната најголема слабост. Создадете прилика вашиот сопруг да ја види нејзината нелојалност и потоа лесно ќе се врати кај вас. Таа лесно ги менува партнерите, па можно е и самата да го откачи пред тој да се свести со кого влегол во љубовна афера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби