Сè за неа: 5 нешта кои мажите ги прават кога се вљубени

Стабилниот маж знае да ја цени љубовта на својата партнерка, а тоа најмногу се гледа од неговиот однос на поддршка и почитување.

Дури и оние мажи кои се однесуваат како мали деца, пред вистинската жена го менуваат своето однесување и полека легнуваат на брашното.

Ако се прашувате како изгледа кога мажот започнува да го менува својот поглед кон светот поради тоа што сте му важна, еве неколку идеи.

Контрола над егото

Понекогаш изгледа како неговата личност да се темели само врз его моментот. Со текот на годините започнуваат да учат дека не се совршени и дека имаат многу нешта кои треба да ги научат. Вистинската жена внесува нова перспектива и несвесно ги тера добро да се замислат што прават.

Исчезнува потребата секогаш да се биде во право

Секоја врска има караници. Дури и онаа што е најсовршена. Кога мажот е подготвен за нешто сериозно, тогаш повеќе не ги наметнува своите ставови туку е подготвен за компромис. Понекогаш ќе биде по ваше, понекогаш по негово.

Има посериозен пристап

Кога се млади избегуваат секаков тип на обврски. Но, кога градат темели со зрела и афирмирана жена, едноставно мораат да го прилагодат својот пристап. Успешните парови растат заедно и созреваат како поединци и како тим.

Краткорочно размислување

Сериозниот пристап кон врската ги менува и неговите цели на долг рок. Жените знаат колку е тешко да се планира заеднички живот со некого кој нема никакви планови за себе си. Затоа мажот започнува да размислува на долги патеки, да осознава што сака од себе, но и од својот партнер.

Работи на своите лоши навики

Фактот дека има некој покрај себе што го цени и сака, влијае врз него да биде подобра личност. Нештата кои претходно не сакал да ги промени, започнува да ги менува, а ова најмногу се однесува на лошите навики. Можеби до тогаш не внимавал на себе и си на својата тежина, но откако е со неа се труди да има здрави животни навики и повеќе да се сака себе си и своето тело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби