6 причини поради кои жената заминува дури и кога ве сака

Никогаш не ја потценувајте љубовта на една жена. Колку и да ве сака, дури и најзаљубената жена во еден момент е подготвена да си замине од вашиот живот. Чувствата не се нешто што би требало да го сфатите здраво за готово, особено кога покрај себе имате жена која ве сака и ве почитува.

Се чувствуваат осамено

Секоја жена има потреба да знае дека му значи на саканиот. Ако мажот не е тука да ја подржи, нема причина зошто би ја продолжила врската со него. Кога жените се во врска, партнерот е фокусот на нивниот свет. Мажите од друга страна кога еднаш ќе се почувствуваат комфорно во врската, забораваат на емоциите. Жената започнува да чувствува емотивна осаменост и недоволна посветеност од страна на својот партнер.

Не е ценета

Нема ништо полошо за една жена кога знае дека она што го зборува нема никаква важност за нејзиниот партнер. Истото важи и за мажите. Замислите како го кажувате она што го мислите, а другата страна ве исмева поради тоа или едноставно не ве ни слуша што имате да кажете?! Непријатно чувство зарем не? Жената решава да замине кога станува свесна дека партнерот не ја сфаќа сериозно.

Не се чувствува сексуално посакувана

Мажите се сексуални суштества и немаат проблем да имаат секс секогаш кога ќе посакаат. Кај жените нештата се малку покомплицирани зошто имаат потреба од интимност, предигра и чувство дека се потполно сексуално посакувани. Рутината е смрт за љубовната врска. Не ретко се случува жената да реши да ја прекине љубовната врска затоа што нејзиниот партнер повеќе не и покажува дека ја посакува, како во креветот така и надвор од него.

Поминува низ значајна животна промена

Во животот се соочуваме со најразлични кризни периоди. Понекогаш тоа е криза на средни години и менопауза, друг пат е сериозна болест или пак значајна животна промена. Во овие мигови жената има потреба од маж кој ќе биде покрај неа и ќе и даде целосна поддршка. Доколку се случи тој да потфрли, големи се шансите таа да го замени со некој кој ќе и го даде потребното.

Премногу предвидливост

Мажите лесно влегуваат во рутината. Колку се постари, толку потешко ќе ги натерате да направат нешто ново и непредвидливо. Од друга страна жените имаат потреба од спонтани изненадувања. Понекогаш дури и обичниот знак на внимание може да внесе свежина во заедничкиот живот. Но, кога нештата постојано тапкаат во место, можно е да настане проблем.

Маж кој никогаш не е тука

Излегувањето со пријателите е сосема нормална работа, но не и кога станува секојдневие. Кога мажот има повеќе време за сите други нешта, но не и за својата сакана, таа полека, но сигурно започнува да се дистанцира од него. Нејзината дистанца води кон помал физички контакт, а со тоа и до намалување на интензитетот на емоции што на крајот резултира со раскинување или развод.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби