Колку ќе ви трае љубовта:

Биковите се лојални, Скорпиите ќе ве издадат при прва прилика

Ако сте се запрашале некогаш колку ќе ви трае љубовта, прочитајте во астрологијата, која секогаш има одговори за повеќето важни случувања во нашиот живот. Според неа на Лавовите се им здосадува многу брзо, па нивните врски траат по година или две. Што е со другите хороскопски знаци?



Овен - Заминува штом ги снема страстите

Припадниците на овој знак се заљубуваат многу брзо и тоа со целото срце. Врската со нив е динамична и страсна, а нивните чувства се длабоки. Во љубовта често се непромислени и многу се караат, па магичниот круг на смирување може да се одложува долго време, или додека не исчезнат страстите. Штом се случи тоа, веднаш излегуваат од врска.

Бик - Не сака да остава

Биковите се многу предани личности. Нема да се врзат за секого, а оној кој ќе го пуштат во близина, имаат намера да го чуваат до крајот на својот живот. Сепак, важен им е и сексуалниот чин.

Близнаци - Не остава, но им дава на другите причини за тоа

Во суштина, многу се предани и не сакаат да оставаат, а својот партнер може да го тестираат до крајни граници на љубомора. Понекогаш ќе ги мачи флерт со други личности, а токму со тоа му даваат на партнерот причина за да ги остави. Начинот на кој може да се смират е ако им дадете нешто за да се занимаваат.

Рак - Најсреќни се ако се врзат за еден партнер цел живот

Раковите не сакат сомнежи, несигурност и неизвесност во љубовта. Склони се на долги врски, а неретко завршуваат и со првата љубов. Сепак, може да бараат прилично многу работи, љубоморни се и несигурни, поради што може и да го оттргнат партнерот од себе. Во брак се верни.

Лав - Врските обично им траат од една до две години

Припадниците на овој знак обично се внимателни кога влегуваат во врска и не се вљубуваат веднаш. Сепак, откако се сигурни дека го освоиле својот плен, во односот се многу страсни и се предаваат целосно. Во природа им е сè брзо да им здосади, па нивните врски обично траат неколку години.

Девица - Ја цени сигурноста во долгите врски

Во љубовните врски најмногу уживаат во фазата на освојување. Способни се да бидат предани и верни, а во неверства најчесто не се впуштаат бидејќи не се знак кој е фокусиран на секс. Ќе влезат во брак кога ќе добијат емотивна и материјална сигурност и почит.

Вага - Долгите врски се темел на пријателство

Еден од најпреданите знаци во љубовните односи се Вагите, а нивните долги врски најчесто се темелат на пријателство. Ќе се одлучат да застанат на лудиот камен ако партнерот целосно ги задоволува во сексот, но и ако ги задоволува во друштвена смисла.

Скорпија - Еден од најверните знаци

Иако припадниците на овој знак ги покренува еротската енергија, тие се едни од најверните знаци. Со оглед на тоа дека се многу харизматични и привлечни, нивните партнери се соочуваат со многу предизвици. Сепак, многу се љубоморни и токму поради тоа им завршуваат повеќето врски. Ќе се смират само кога до себе ќе имаат сигурен партнер во кој може да имаат целосна доверба.

Стрелец - Долго размислува пред да се врзe

Неодлучни се што се однесува по емотивните прашања, па често ни сами не се сигурни во своите љубовни избори. Тешко се врзуваат, но би се смириле покрај партнер кој пред се им е пријател и им ја пружи потребната слобода. Склони се кон неверства, но знаат добро да ги кријат.

Јарец – Очекува апсолутна верност

Јарците се многу традиционални и тешко се врзуваат за некој, но ако тоа го направат, значи дека може да трае цел живот. Од својот партнер очекуваат целосна верност, но неверството ќе го доживее како предавство и веднаш ќе ве избришат од нивниот живот. Добриот секс и децата се лепак кој го оддржува Јарецот.

Водолија – Потребен е постојан предизвик

Тешко останува со луѓето кои не им се доволно интересни или на било кој начин не претставува предизвик. Различноста за нив е омилен зачин за животот. Сепак, може да се предадат и да се заљубат, но тоа нема да го издржат ако треба многу да се прилагодуваат. Ќе се смират со партнер со кој никогаш нема да им биде досадно.

Риби – Најверниот хороскопски знак

Може да се каже дека рибите се олицетворение на верност и животот најубав би им бил ако го поминат со еден партнер. Во љубовта се упорни, романтични, а би се откажале од партнерот само ако насобраните фрустрации веќе не може да ги држи во себе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби