Како да разговарате со децата за разводот?

Разводот на бракот најверојатно не е одлука која се донела набрзина, туку поминале многу случувања кои допринеле се случи. Битно е да се нагласи дека повеќето деца се свесни дека нешто не е во ред со односите во семејството, но поради намалениот когнитивен капацитет, тие не се во состојба целосно да разберат што се случува. Разводот за нив ќе биде изненадувачка информација.



Најпрво, одлуката за разводот најдобро е да им ја соопштите пред некој од родителите да го напушти домот. Може само да замислете како ќе се чувствува детето кога едно утро ќе се разбуди и ќе открие дека еден од родителите си заминал од дома. Исто така, пожелно е и двајцата родители да бидат присутни кога на децата им се соопштува одлуката. Со тоа се зголемува чувството на сигурност и контрола, кои ќе им бидат потребни на детето низ целиот процес. Во зависност од нивната годишна возраст, ќе го прилагодите речникот и количината на информации.

На малите деца до три години, може да им се објасни како мама и тато веќе нема да живеат заедно и многу е важно да нагласите и двајцата дека ќе ги сакате без разлика на тоа што нема да живеете заедно. Иако тоа се подразбира, малите деца може да почувствуваат голем страв и вознемиреност па тие работи треба дополнително да се објаснат. Децата во таа возраст се уште се многу зависни од родителите и може да покажуваат регресивно однесување (цицање на палецот, мокрење во гаќи), да имаат проблем со спиењето, да станат раздразливи и често да плачат. Важно е да им се овозможи една рутина и од мајчина и од таткова страна која ќе им го зголемат чувството на сигурност и доверба. Исто така, може ќе им треба поголемо внимание, па добро е детето да поминува квалитетно време и со двајцата родители.



Децата во претшколска возраст и оние кои сега почнале да одат на училиште често свесно или несвесно се обвинуваат себеси за разводот на родителите. Сметаат дека нивното однесување влијае на промените во семејството. Децата на околу 5-6 години се особено осетливи бидејќи не го разбираат концептот за развод во целост и може да имаат страв да не бидат оставени. При разговор со нив треба да ја имате на ум нивната чувствителност и често да им повторувате дека тие не се одговорни за разводот на родителите. Потребно е да ги уверувате дека нивните потреби ќе бидат задоволени и да им објасните кој ќе се грижи за нив. Тие добро реагираат на сликовници или книги на теми развод, па во почеток може заедно да ги читате за подобро да сфатат што се случува во семејството.



Останатите деца може да разберат дека разводот е конечен и дека нивните родители веќе нема да живеат заедно, но тоа не значи дека тој факт лесно ќе го прифатат. Им се појавува чувство на лутење, анксиозност, страв од отфрлување, но и зголемена одговорност (синот кој сака да ја заземе улогата на татко или ќерката која смета дека треба да преземе поголема грижа за семејството). Може да ги обвинуваат родителите дека се себични и злонамерни и да станат бунтовни во своето однесување. Често обвинуваат само еден родител како главен виновник за разводот. Ако е можно, важно е да им објасните како е тоа обострана одлука и дека децата немаат врска со тоа што мама и тато веќе нема да живеат заедно. Важно е да им се објасни што ќе се случува понатаму, кој со кој ќе живее, колку и каде ќе се гледаат со другиот родител, каде ќе живее другиот родител и слично. Секако, многу е важно да не зборувате лошо за другиот партнер пред децата и да не пренесувате пораки преку нив.



Разводот на бракот е стресно искуство за сите членови на семејството. Речиси и да нема развод во кој бившите партнери не чувствуваат лутење, повреденост и збунетост. Поради негативните чувства кои се појавуваат, комуникацијата меѓу родителите знае да биде отежната што еднакво влијае и врз децата. При разговорот за разводот треба да ја имате на ум нивната возраст, но она што е најважно е поддршката, сочувството и разбирањето на нивните потреби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби