За посреќен живот: Поставете си четири прашања и потрудете се да одговорите

Во 2000 година, опсегот на внимание на човечкиот мозок изнесувал 12 секунди. Сепак, бројката се намалила на 8 секунди. Според Microsoft, вината за ова намалување лежи во интернетот. Психолозите исто така предупредуваат дека технологијата влијае врз нашата способност да се соживуваме и да покажуваме хуманост. Многу повеќе од порано, нашите мозоци се под влијание на технологијата.



Процесираните супстанци, како што е шеќерот исто така го менуваат начинот на кој работи нашиот мозок. Нашиот стресен животен стил ја менува нашата вредност и брзина на мозокот. И на крај, тука е фармацијата која може да ни ја смени целата структура на мозокот. Жално е што со човечки изуми почнуваме да го уништуваме човечкиот мозок. Од една страна тоа е за воодушевување, но кога ќе размислиме подобро, тоа навистина е страшно. За среќа, се уште може да размислуваме како што треба и самите да си ја насочуваме енергијата и мислите за попозитивен живот. Што е потребно за тоа? Потрудете се да одговорите на следните четири прашања:

Што е вредно за мене?

Многу е лесно да се изгубиме помеѓу сите мислења од луѓето околу нас, од околината или од социјалните медиуми. Но, секој ден треба да се загледате во вашите вредности и да сфатите од каде доаѓаат тие. Понекогаш може да си кажете „да, ова сум“, но понекогаш не се ни чувствувате приближно до она што го работите или што сметате дека е вредно за вас.

Како се чувствувам овој ден?

Ова е одлично прашање кое треба да си го поставувате секое утро. Размислете за денот пред вас. Со кого ќе се сретнете? Што ќе правите? Каде ќе одите? Што ќе јадете? Како се чувствувате во врска со сите тие избори? Дали имате разумна причина за тие избори или само ќе го правите она што ќе ви дојде прво на памет?



Која е за мене идеална работа?

Стив Џобс имал навика секое утро да се гледа во огледало и да се запраша дали неговиот живот е оној идеалниот кој сакал да го живее. Ако имало многу денови каде што одговорот бил негативен, менувал по нешто.

Секако, ја немаме сите луксузноста која Стив Џобс ја имал, но сите имаме право на избор. Лесно е да мислите дека немате избор, но изборите лежат пред нас и многу често ни се наоѓаат пред нос.

Дали некогаш сте се потрудиле да направите некоја промена? Дали сте размислиле зошто е добро тоа за вас и дали воопшто може да го направите?

Што можам за себе да направам денес?

Направете нешто со кое сметате дека ќе бидете задоволни. Дури и ако на никого не му е гајле, за вас таа ситница може да значи среќа. Тешко е да го заборавите светот околу себе и да живеете на начин на кој сте замислиле, но тоа е еден од поголемите чекори кои може да ги направите за да го постигнете среќниот период кој е независен од очекувањата и мислењата на другите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби