Лето во знакот на сексот: Бикот без табу - Лавот во нов поход

Што велат ѕвездите за сексот ова лето? За некои знаци ќе биде лудо и незаборавно, додека други ќе се водат по стандардната шема и нема да експериментираат на ова поле.

Кој е вашиот знак?

Овен – огнениот заводник ова лето ќе има можност да избира помеѓу неколку личности. Запознавањето на нови луѓе ќе биде мошне возбудливо. Освен тоа некои пријатели кои веќе ги познавате може да ги доживеете во сосема поинакво светло. Ова лето очекувајте исполнување на вашите најголеми секс фантазии.

Бик – навидум бавен, но секогаш продорен во жешките денови бикот станува мошне палав. Можен е див секс на плажа, но и тајни врски со припадници од друга религија. Табу? Што е тоа? Време е за добра забава

Близнаци – слободниот дух на близнаците може да го мотивира партнерот на нов и поинаков пристап кога станува збор за сексот. Ѕвездите ви препорачуваат да бидете помалку безобразни и дрски во пристапот.

Рак- романтичниот рак е сосема задоволен во својата комфорна зона. Малку флерт, малку романтика и веќе е во креветот. Стандардните пози се сосема доволни за ова лето.

Лав- лавовите работат на себе и се во нов поход. Имаат цел и стратегија, а богами и нагласен секс нагон со кој ќе ја маѓепсаат потенцијалната жртва. Големите мачки ловат, па секој што ќе им се најде во раце, може да очекува страствен секс.

Девица – работата може да почека. Иако многу девици ќе се оправдуваат дека немаат време за секс поради тоа што се преокупирани со работа, сега е вистинското време да се престане со таквите изговори.

Вага – еротскиот роман може да стане мошне интересно четиво за на плажа, особено ако имате партнер кој исто така е подготвен да експериментира. Сонце, плажа, вода...Кој знае дали ќе издржите до хотелската соба.

Скорпија – фаталната скорпија има потреба од многу љубов и милување. Ако не го добие тоа од својот партнер, тргнува во лов на нов. Ова лето е идеалниот период за исполнување на сексуалните фантазии.

Стрелец – на стрелците не им треба плажа за да би го задоволиле својот нагон, доволни се секојдневните ситуации кои им го будат авантуристичкиот дух. Освен незаборавните вечери со секс, на повидок е и нова љубовна врска.

Јарец – јарците вообичаено не покажуваат многу страст, но ова лето е како предвидено за да излезат од стандардната шема и да уживаат. Не се изненадувајте ако вашиот јарец одеднаш реши да направи промена во односот.

Водолија – оние кои се слободни ќе си најдат потенцијален партнер на дружбите со пријателите. Новите авантури освен тоа што носат богат сексуален живот, носат и одлична забава.

Риби – летото нуди совршена комбинација од романтика и авантуризам. Секс во вода? А зошто да не? Во летните месеци ќе бидете склони на егзибиционистички секс, па сè доаѓа во предвид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби