Контрацепција после породување

Методите на контрацепција кај породените жени се разликува од контрацепцијата кај останатите.



Породувањето е најголемата физиолошка промена и напор кај жената. Опоравувањето трае најмалку од четири до шест недели. Како што поминува времето на опоравување така се обновуваат и останатите функции на организамот на жената задно со либидото. Пред да започнат сексуалните контакти задолжително треба да се посети гинеколог, кој од една страна ќе направи преглед на родилните патишта и воедно ќе даде совет за видот на заштита од несакана бременост.

Кај жените кои не го дојат новороденчето, менструацијата се регулира за околу два месеци. Првите неколку месеци нема овулација иако има мензис!

За разлика од нив, кај жените кои дојат менструацијата се нормализира по неколку месеци и можноста од несакана бременост е многу помала од претходната група.

Методи на заштита:



1. Прекинат однос Coitus interruptus е најстариот метод, но затоа пак е најнесигурен.

2. Пазењето во плодните денови од циклусот по Oгино Kнаус, каде што средината на циклусот од 11 до 17 ден се сметаат за плодни, може да се применува кај жени со редовна менструација.

3. Кондомот (презервативот) е исклучително добро заштитно средство. Презервативите кои се премачкани со спермициден крем постигнуваат практично 100% заштита. Достапни се разни видови по состав, големина, мирис, боја.За жал, доста од двојките не го употребуваат поради (намаленото задоволство од машка страна) кое не е вистинито, а тоа е најголемата причина за неупотреба.

4. Дијафрагмата е гумена мембрана која се поставува на грлото nа матката.Поради разните големини на истата претходно требa да се направи гинеколошки преглед за да се даде потребната големина која се аплицира непосредно пред сексуален контакт најчесто во комбинација со хемиски средства со спермициден состав.

5. Локалната контрацепција - која можи да биди под формата на вагиналети, овули, кремови се за непосредна употреба пред коитус кои во комбинација со кондоми се 100% заштита!.

6. Хормонските таблети не се препорачливи за употреба по време на доење заради можноста за нивно преминување преку млекото кај бебето иако тоа е во минимални концентрации сепак гинеколозите не ги препорачуваат во овој период.

7. Спирала - спаѓа во најдостапните, најкомфорните и најсигурните средства за заштита од бременост. Со сигурност може да се препорача на жени после породување. Нејзиното еднократно поставување, долг период на употреба и големата заштита ги надминува останатите средства за контрацепција како сигурност. Во поново време како посигурна можност за контрацепција се појавени и хормонски спирали.

8.Подврзување на јајцеводите и семените каналчиња се метод на трајна контрацепција.


Кај доилките најголема заблуда е дека по време на доење не може да настани забременување. Дејството на хормонот пролактин е заслужен за работaта на млечните жлезди и за лактацијата, а воедно го намалува созревањето на јајце клетката. Но во стварност после добивањето на редовна менструација и покрај високото ниво на пролактин можна е спонтана овулација, а воедно и бременост.

Извор: www.neuromedica.com.mk

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби