ГИ ФРЛААТ КОЛЕГИТЕ ПОД ТРКАЛО

8 знаци дека некој треба да биде отпуштен

Понекогаш воочувањето на лошиот работник е потешко отколку што изгледа.

Впрочем најлесно е да го отпуштите оној кој не работи како што треба, но вистинската закана за работата, се оние работници кои нанесуваат штета на компанијата и на тимот, на потаен начин.

Тие се своевиден рак на компаниското ткиво и некогаш се толку тешки за воочување, што додека забележите што прават веќе ќе нанесат сериозна штета на работните однос.

Тенденција кон озборување – пренесувањето на лажни информации и трачеви за колегите и за другите вработени во организацијата, е еден од првите знаци за тревога. Некои вработени имаат тенденција секогаш да бидат во центарот на озборувањата. Тие едноставно знаат сè
и секогаш имаат по некое озборување или лош збор за другите луѓе. Се вадат од ситуацијата велејќи дека се нашле на вистинското место во вистинско време, но во суштина тие се оние кои ја прават целата мешаница.

„Водат“ после состаноци – кога се состанува целиот тим  критикуваат и прават сè за да дојде до дефокусирање од темата, за кога да заврши состанокот пристапат до претпоставениот и да го кажат своето мислење. Притоа започнуваат повторно да критикуваат со оправдување дека не ги кажуваат своите идеи бидејќи другите колеги ќе им ги украдат.

Тоа не е моја работа – делумното оградување од работата зад себе крие сериозен проблем. На повеќето компании им се потребни луѓе кои ќе се прилагодуваат на ситуацијата и ќе го дадат својот максимум. Доколку се толерира ставот „не е моја работа“ лесно може да се поткопа авторитетот на менаџерот, а воедно да се даде и лош пример на другите вработени дека лицето може да прави што сака и да остане неказнето за тоа.

Ѕвезди на стара слава – кога еден вработен повеќе работел од другите и покажал подобри резултати сосема нормално е да го истакнете и да го пофалите. Но, кога тој постојано го потенцира тоа што го направил и со старата слава ги покрива новонаправените грешки, тогаш треба сериозно да се размисли околу тоа дали таквото однесување треба да се толерира на долг рок и дали истото е прифатливо за компанијата.

Искуството не е сè – се разбира дека искуството што го имаат вашите вработени само по себе е важно за работата, но искуството не е сè. Делењето на експертско знаење е прифатливо, сè додека вработениот си ја извршува својата работа, но не и кога седи од страна и само попува додека другите ги извршуваат задачите.

Притисок врз посилните – некои вработени работат повеќе, додека други помалку. Проблемот настанува кога некој се труди да се истакне во извршувањето на обврските, па дури и да сработи повеќе од колку што треба, а другите вработени или конкретен вработен му вршат притисок дека треба да работи помалку, зошто во спротивно границата на перформансот ќе биде подигната на повисоко ниво.

Јас, јас, јас – дури и кога не е негова заслуга вработениот се обидува пред претпоставениот да изгледа како сè сам да завршил, во исто време девалвирајќи ја работата на другите колеги. Константно краде идеи и ги презентира како свои и ја користи секоја можна ситуација да се наметне, дури и кога нема доволно познавање околу работата за која се дискутира.

Ги фрлаат колегите под тркало – во првата ситуација кога ќе направат грешка, веднаш се оградуваат од неа, со оправдување дека поради неспособноста на другите колеги, тие не можеле да си ја завршат својата работа. Во речникот на еден ваков вработен никогаш нема „извини“ ниту пак „тоа е моја грешка“ бидејќи немаат чувство на вина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби