КАКВИ СТЕ ВО ЉУБОВТА?

Доминантниот хормон открива 4 типови на личности

Постои ли магнетска привлечност помеѓу вас и вашиот партнер или сето тоа е само минлива забава?

Според антропологот Ејми Фишер во секој од нас е доминантен по еден хормон, кој во суштина ги одредува и карактеристиките на нашата личност. Па, така врз основа на оваа претпоставка постојат 4 категории на личности.

Преговарач

Преговарачот е под доминантно влијание на хормонот естроген. Тој е имагинативен, интуитивен, сочувствителен и љубезен. Има одлични вербални и социјални вештини и секогаш ги наоѓа вистинските зборови. Знае како да биде дипломат и да тактизира.

Преговарачи од редовите на познати личност се Бил Клинтон, Ганди, Карла Бруни-Саркози. Преговарачите се виртуози во "ракување" со луѓе и инстинктивно знаат што другите луѓе мислат и чувствуваат.

Често им се случува да менаџираат повеќе ситуации од еднаш и да се заплеткаат во премногу обврски. Со тоа стануваат неодлучни и започнуваат да се занимаваат со тривијални детали.

Ако сте преговарач внимавајте во љубовта да не оставите впечаток дека немате став. Наместо премногу да анализирате, преземете акција.

Ако сте во врска со преговарач имајте на ум дека тој не е секогаш е директен и отворен, па затоа читајте меѓу редови. Ќе успеете да го заведете ако ја стимулирате неговата фантазија и  не се воздржувате да зборувате за себе и за она што го сакате.

Директор

Директорите се под доминантно влијание на тестостеронот. Тие се аналитичари и логичари, ефикасни во детектирање на проблемот и во изнаоѓање на решенија. Брзо носат одлуки и се соочуваат со тешки избори. Отворено кажуваат што мислат, се соочуваат со предизвикот и последиците од својот избор.

Амбициозни и со натпреварувачки дух, рационално расудуваат и објективно пристапуваат кон целта. Сепак, не се врзуваат емотивно со луѓето, со што не ретко може да изгледаат ладно и дистанцирано. Реагираат бурно ако некој ги нападне нивните најблиски. Може да станат ригидни во определени ситуации и нештата да ги гледаат црно –бело. Претставници на овој тип се Алберт Ајнштајн, Доналд Трамп, Хилари Клинтон и Маргарет Тачер.

Во врската сакаат контрола над ситуацијата и ретко кога дозволуваат нештата да се случуваат по природен пат. Некогаш мора да се ослободат и да дозволат да ги понесат емоциите.

Ако се најдете во врска со директор мислете логички и бидете јасни и тактични. Не бидете многу самокритични, затоа што тие не сакаат патетика. Доколку сакате сериозно да му го свртите вниманието зборувајте за крупни и важни теми.

Градител

Градителите се под влијание на серотонин. Тие се смирени, пријателски настроени, вешти во управување со луѓето и ситуациите. Ја сакаат традицијата и ги почитуваат општествените норми, чесни се и лојални, а воедно и популарни меѓу пријателите и колегите.

Посветуваат големо внимание на деталите и се зависни од правилата и правењето планови. Кога станува збор за емоциите не се импулсивни. Познати личности градители се Џорџ Вашингтон, Колин Пауел, Тајгер Вудс, Џенифер Анистон и кралицата Елизабета.

Знаат да бидат тврдоглави и нетолерантни на туѓите предлози и слепо да се водат по своите идеи и планови. Не ретко се претвораат во песимисти и преголеми буквалисти.
Ако сте градител треба малку повеќе да се опуштите и да уживате со своите пријатели и семејството. На кратко заборавете на својот заштитнички став и одвојте време за романтика. Од друга страна, ако се најдете во врска со градител имајте предвид дека тој ги сака деталите и смиреноста, па обидете се да му го дадете тоа.

Истражувач

Истражувачите се под влијание на допамин, кој ја стимулира потрага по нешто ново. Со тоа тие се луѓе кои копнеат по авантура. Љубопитни се и секогаш гладни за нови искуства, Креативни, енергични, неуморни и спонтани, овие хедонисти често се непредвидливи, но забавни, па со нив сигурно нема да ви биде здодевно.

Пријателите, семејството и колегите ги сметаат за многу независни и автономни личности. Нивниот спектар на интереси е многу широк, од планинарење до одење на театар, читање книги, собирање поштенски марки, монети и антиквитети. Познати примери за истражувачи се Џон Ф. Кенеди, принцезата Дијана и Анџелина Џоли.

Најголемиот проблем што го имаат истражувачите е тоа што кога ќе најдат личност која им одговара, започнуваат да си ја загрозуваат врската бидејќи се плашат дека ќе пропуштат нешто од дружењето со другите луѓе, поради неа. Ако се најдете во љубовна врска со истражувач потрудете се да бидете што е можно пофлексибилни и имајте на ум дека последното нешто што треба да го направите е да и се препуштите на здодевноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби