БЕЗ СРАМ И ОСУДУВАЊЕ

Неколку нешта кои паровите без деца сакаат да ги знаете

Одлуката еден пар да нема деца со години наназад била примана со доза на скепса и стигма од општествата.

Паровите често се осудувани за одлуката да не создадат поколение, но во изминатиот период славните личности веќе започнаа да зборуваат на таа тема. Елен де Џенерис јавно призна дека таа и сопругата Порша де Роси не сакаат да имаат деца, а тоа го потврди и комичарот и водител Рики Џервејс.

Што овие парови сакаат општеството да знае за нивната одлука?

1. Таа одлука не е донесена лесно и брзо

Не е одлука која се донесува преку ноќ. Таа е размислувана и дискутирана со партнерот низ долг период, а голем дел од паровите кои не сакаат деца често си даваат и „грејс период“ за да утврдат дали ќе останат на истата одлука или ќе се предомислат.



2. Одлуката често е донесена врз основа на  воспитувањето кое нивните родители го имале врз нив

А, ако не е базирана на тоа што тие го искусиле како деца од нивните родители (најчесто негативности), примери гледаат од најблиските личности кои имаат деца. Блиските пријатели, браќата и сестрите се одличен близок пример за за одлуката дали сакаат да станат родители или не.

3. Немањето деца како социјална одлука

Популацијата на Земјата е веќе преголема и голем дел од паровите сметаат дека немањето деца е социјално одговорен потег.



4. Голем дел од паровите сметаат дека времето поминато во воспитувањето на децата би го искористиле за повеќе возбудливи нешта

Патувањата на егзотични дестинации се повозбудливи отколку штедење за градинки, школарина за факултетите и слично. Голем дел од паровите сметаат дека не треба да ги скратат тие луксузи од својот заеднички живот.

5. Истомислениците треба гласно да го изнесуваат мислењето, а не да се грижат за стигмата од општеството

Само така ќе се промени перцепцијата на општеството кон паровите кои не сакаат да имаат деца и тие ќе се соочуваат со помалку стигма поврзана со нивната одлука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби