Повторно се дружиме со Health, Fitness & Wellness Expo

Овој септември, подгответе се за второто издание на Health, Fitness & Wellness Expo. Од 23-25 септември, во Хотел Александар Палас, по втор пат ќе се одржи најголемиот интерактивен настан за ЗДРАВ ЖИВОТЕН СТИЛ.

И оваа година публиката ќе има можност на едно место да се информира за најновите типови на програми за вежбање, да дегустира и припрема вкусна, здрава и органска храна, да испроба голем број на спортски и фитнес активности, да проба разни третмани, масажи, природна органска козметика, суплементација, како и да добие совети за подобро здравје од врвни специјалисти и при тоа - максимално да се забавува. Над 50 учесници од областа на здравјето, фитнесот и велнесот на посетителите ќе им понудат разни промоции, дегустации, наградни игри и многу други изненадувања, како и богата интерактивна и едукативна програма со преку 30 работилници, тренинзи, настапи и предавања.

Оваа година настанот е збогатен и со Kids Corner, катче специјално наменето за најмладите, каде секојдневно ќе има пет часовна програма со разни работилници, како за подобрување на моторичките вештини, така и за поттикнување на здрави навики од најмлада возраст, но и разни едукативни активности. Секогаш во чекор со светските трендови и новитети, за прв пат во Македонија ќе имаме прилика овозможена од Спорт Инн центарот, да видиме што е Slackline. Настанот ќе го отвори Карлос Мерајо Гарсија, кој е трократен првак на Шпанија во slackline и е рангиран во топ 10те во Светот.

Не го пропуштајте големото отворање на 23.09.2016 од 17:30 часот во Хотел Александар Палас, единствена можност во живо да се дружите со Карлос Мерајо Гарсија и да пробате Slackline!

Погледнете го ова видео за да се потсетите на атмосферата на првиот HFW Expo и следете го настанот на Facebook, како и фан страна, за да бидете во тек со програмата, изложувачите и сите промотивни активности, натпревари и наградни игри кои ќе се одвиваат пред и за време на настанот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби