НАДМИНЕТЕ ЈА

4 совети кои треба да ги запомните кога сте носталгични

Далеку сте од дома? Живеете во друг град и сте илјадници километри од семејството, пријателите, колегите? Носталгијата доаѓа во различни форми и етапи, но таа е присутна во секој од нас.

А, што треба да знаете и како да ја надминете за да нема последици на вашата емотивна состојба, социјален живот или професионален успех?

Носталгијата е 100% нормална



Секој ја искусува и вие не сте помал човек ако ја имате кога ќе се преселите на ново место. Разликата во различните одговори на носталгијата е тоа што секој од нас различно се справува со неа. Тоа не е знак за личен недостаток и со сфаќањето дека е нормално чувство, вие ќе си скратите многу себе-критикување, двоумење и депресивно расположение на долги патеки.

Стекнете нови пријателства во контролирана околина



Ако ви е тешко да склопувате нови пријателства или контакти на новото место на живеење, обидете се тоа да го направите барем во контролирана околина. Самата помисла дека траба да запознаете нови луѓе ве плаши, без разлика дали сте интровертна или екстровертна личност? Да, тоа е страшно искуство за многумина, но наместо социјалното дружење да го направите во ресторан, бар, кафуле или деловен пикник, ако сте во можност поканете ги новите пријатели или колеги на вечера кај вас дома. Интимната атмосфера ќе ве опушти, а контролираната околина ќе ви биде позната.

Практикувајте себе-сочуствување



Има голема разлика со себе-сожалувањето, кое не го препорачуваме. Себе-сочуствувањето е дефинирано како грижење и љубезност упатени кон самиот себе си, кое често го даваме на другите луѓе околу нас. А најважниот чекор кон практикувањето на себе-сочуствување е исфрлање на негативните, критичките и деструктивни мисли со позитивни. Ако се фатите дека сте премногу негативен и критички кон самиот себе си, запрашајте се: Дали ова би го направила кон личноста која ми значи?

Водете дневник за носталгијата



Носталгијата има начин да ве обзеде и покори ако не внимавате на неа. Па затоа обратете внимание и ако сте во можност запишувајте ги кратките мисли на носталгија во дневник. Учете од нив, а по секој дневен запис тренирајте го мозокот да биде позитивен и да не навлезе подлабоко во состојба на носталгија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби