Парчиња облека кои никогаш не треба да ги фрлите

Постојат парчиња облека кои се безвременски. Никогаш нема да излезат од мода и секогаш ќе бидат дел од основата на секој гардеробер.

Нив не треба да ги фрлите и тие се одлични класики на кои ќе се навраќате низ повеќе сезони.



Кои се парчиња облека кои не треба да ги фрлите?

Кожна јакна (или имитација на кожа)



По можност црна и по можност од вистинска кожа. Но, ако не сте во можност да си дозволите јакна од вистинска кожа, купете јакна која е со имитација на кожа.

Блејзер во светла боја или интересен дезен



Блејзерот со светло розе боја или пак со смел цветен дизајн ќе биде парчето облека со кое ќе се истакнете, но и кое ќе можете да го комбинирате со поедноставните парчиња. Како блузите или кошулите во само една боја.

Фармерки



Со правилната комбинација фармерките може да бидат кежуал или софистицирани. Кежуал варијанта може да постигнете со едноставна спортска маичка и патики, a повеќе деловна со високи потпетици и одлична кошула.

Мантил



Во класична црна боја, крем или црвена боја, мантилот е безвременски и елегантен.

Бела класична кошула



Струкирана или не, белата класична кошула е одличен избор за секоја жена. Можете да ја комбинирате за секоја пригода. Таа никогаш нема да престане да биде возбулива и покрај едноставноста која ја има во дизајнот.

Црни панталони



Одлично одат во комбинација во голем дел од горе споменатите парчиња облека, а особено со мантилот и белата кошула.

Мал црн фустан



Малиот црн фустан секоја жена треба да го има во својот плакар во секое време. Ќе ви спаси многу време и нервози при секоја формална прилика и со вистинските потпетици, ќе го носите многу долго време.

Тексас јакна



Таа е совршениот медиум меѓу елегантна и кежуал варијанта, а линијата може да ја пречекорите во зависност од тоа како ќе ја комбинирате со остатокот од облеката.

Класична ролка



Ролката без разлика дали е припиена за телото или поширока е фантастична за есенските и зимските денови. Таа може да биде во различни бои и секоја жена треба да ја има во плакарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби