Услови кои мора да ги исполните

Имате ли сè што е потребно за да бидете шеф?

Во секоја фирма има барем еден шеф, а многумина посакуваат да се на негово место.

Дали ги имате потребните услови за да станете шеф? Стручњаците тврдат дека секој добар лидер мора да задоволи точно седум услови без кои невозможно е да се искачите на врвот, без разлика дали станува збор за мала фирма или голема корпорација.



Добриот шеф има визија и знае да го пренесува јасно и едноставно она што треба, за да може вработените да го следат.

- Лидерите мора да се способни да ги визуeлизираат проектите од почеток до крај и за време на целиот процес да бидат пример и да се држат до поставените принципи. Изработката и одржувањето на успешен проект е сè освен лесно и вклучува многу непроспиени ноќи, упорност и тактика, вели Шерон Ричи, директорка на глобалната маркетиншка мрежа BЕcause.

Квалитетниот шеф мора да има сјајни тим билдинг вештини. Личноста мора да биде способна да ги препознае квалитетните работници кои поседуваат вештини и таленти од пресудна важност, а потоа мора да знае да ги задржи и да ги вклопи во тимот.

Храброста, самодовербата и вербата во себе се пресудни работи кај квалитетните шефови, кои истовремено мора да бидат свесни за своите маани со цел да ги пронајдат колегите кои ќе се „повлечат“ онаму каде што тие се послаби. Исто така, треба да бидат способни да ги сослушаат и да ја прифатат конструктивната критика.



Смисла за хумор е она што на многу шефови им недостига, а може да биде клучно кога ќе се појави препрека на патот. Одржувањето на пријателска, колегијална атмосфера во сите околности, способноста да се смеат на свој начин и задржување на доброто расположение може да биде клучно.

Понизноста е нешто што многу шефови не го поседуваат. Баш напротив, треба да сме свесни на фактот дека никој не е совршен, а многу луѓе се подготвени максимално да работат на себе за да го надминат шефот.

Хуманост, почит и искреност – но не лажна, туку вистинска. Мора да им објасните и да им помогнете на вработените кога тоа им е потребно.

Секој добар шеф би требало навечер мирно да спие. Многумина не можат, едни затоа што не знаат како да се носат со толкава количина на стрес, а други поради нечиста совест. Оние кои играат валкано, ќе пропаднат, а оние кои не можат да го совладаат стресот, многу веројатно е да се разболат. Недостатокот од сон резултира со нервоза, лоши процени и одлуки, а тоа е нешто што ниту еден вработен не сака да го доживува од својот шеф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби