Најлошата карактеристика во љубовните врски на секој хороскопски знак

Љубовта е тешка работа, за некои личности, а за други е најлесното нешто на светот. Сепак, сите знаеме колку може да сме луди кога сме заљубени, а истото го тврдат дури и постарите генерации, кои многупати ни раскажувале интересни случки.

Сите имаме наши подеми и падови, но мора да сфатиме дека ниту една личност не е совршена, како што ни самите не сме совршени. Понекогаш мора да обрнеме внимание на одредени работи кои постојано не попречуваат во нашето љубовно патување, за тоа да помине полесно. Поради тоа, прочитајте која е вашата најлоша карактеристика според вашиот хороскопски знак.

Овен: Може да имате малку трпение



Мора да оладите. Избројте до 10, правете некои вежби за дишење.. што и да е потребно. Ако постојано се лутите, како навистина ќе бидете среќни? Следниот пат кога ќе почувствувате дека ќе се изнервирате, тргнете чекор назад и погледнете на убавите работи во животот, вклучувајќи ја и љубовта.

Бик: Многу сте тврдоглави

Престанете со тоа дека вие сте секогаш во право. Излезете од вашата комфорна зона и прифатете ги работите како што се. Не треба да сте тврдоглави со сè околу вас постојано. Немојте да се плашите да признаете кога не сте во право и кога вашиот партнер е во право. Ќе ви биде многу полесно.

Близнаци: Многу сте неодлучни

Не е битно за каква одлука станува збор, но одлучете се веќе еднаш! Вие сте најлошиот донесувач на одлуки од целиот зодијак и мора да го исфрлите тоа од себе ако сакате да ја пронајдете љубовта. Како може да изберете партнер, ако не можете да донесете каква било одлука?

Рак: Проблемот е во несигурноста и постојаното сомневање



Ако некогаш сакате вашата врска да биде среќна, мора да научите да му верувате на партнерот повеќе. Не можете да лутате насекаде и да барате да ви се потврдат несигурностите. Мора да им верувате на оние кои ги сакате.

Лав: Намерата да сте премногу инволвирани

Да, знаеме дека сте прекрасни. Но, тоа не значи дека светот треба 24/7 да се врти околу вас. Ако не можете за миг да се тргнете настрана од центарот на внимание, како мислите дека ќе ви биде кога ќе бидете со партнер?

Девица: Внатрешна срамежливост

Отворете се! Ако целиот живот ги држите во себе работите кои ги чувствувате, никогаш нема да сте со тој кој ви се допаѓа, ниту пак ќе ја пронајдете вистинската љубов. Полни сте со живот и со љубов – докажете го тоа.

Вага: Постојано се самосожалувате



Не си правите добро на себеси ако постојано вие сте жртвата. Не играјте на картата „кутра јас“. Тоа воопшто не е привлечно ниту за сингл живот ниту за живот во врска.

Скорпија: Не може да ви се верува

По некое време, веќе нема да биде интересно кога нема да ви веруваат за тоа дека вие сте заљубени или верни. Не се фаќате себеси во лаги, затоа што тоа ќе ги оттргне луѓето од вас. Фрлете ги лагите низ прозор.

Стрелец: Нестрпливи сте

Кочете малку! Сите добри работи им се случуваат на оние кои чекаат. Вашата нестрпливост ви ја попречува шансата да ја пронајдете љубовта, бидејќи премногу ги брзате работите.

Јарец: Секогаш го очекувате најлошото од луѓето



Не се сите лоши. Потрудете се околу некого. Најверојатно е дека нема да зажалите за оваа одлука. Дури и ако сте биле повредувани повеќе пати, чувајте го минатото таму каде што е. Не вреди за тоа да не пронајдете некој и цел живот да останете сами.

Водолија: Бегате од искажување на емоциите

Не може да имате добра врска ако не ги искажете емоциите на некого. Отворете си го срцето на некој, бидејќи тоа е многу важно во една врска. Мора да си ги прифатите емоциите и да ги искажувате истите кон оние кои ви значат.

Риби: Премногу сте исплашени од непозната територија

Пробајте нешто ново. Запознајте некоја нова личност. Не се плашете да се впуштите во забава од време на време. Ќе се изненадите каде ќе ве одведи животот ако сте похрабри. Новото е многу возбудливо,а овде спаѓа и љубовта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби