И ПОРНОТО МОЖЕ ДА ВЕ РАЗДЕЛИ

10 нешта кои жените треба да ги знаат за разводот

На секого може да му се случи развод и тоа од најразлична причина. Истражувањата и статистиките покажуваат дека нема пишано правило за тоа кој и како ќе се разведе, но постојат неколку интересни податоци за тоа што може да доведе до развод и се однесуваат повеќе на жените, отколку на мажите.

Златна средина – жените кои стапиле во брак помеѓу 28 и 32 години имаат најмал ризик за развод. Кога стапувате во брак премногу рано може да се разведете зошто не сте доволно зрели за таква обврска. Од друга страна ако пак стапите во брак премногу доцна може да се случи вашите дотогашни лоши врски и навики да влијаат врз квалитетот на брачниот живот.

Во март и август најмногу се бара развод – според социолозите од Универзитетот од Вашингтон, во овие два месеци има најголеми шанси за развод затоа што најчесто се чека да завршат новогодишните празници и да помине летото за да се направи радикален чекор.

Жените почесто поднесуваат барање за развод – жените се иницијатори на развод во дури 69 проценти од случаите. Од друга страна мажите и жените подеднакво се иницијатори за раскинување на врската пред да стапат во брак.

Интересна статистика – според американските истражувања просечната вработена жена има 2 отсто ризик да се разведе пред 30 години. Процентот се зголемува на 19 додека стигне до 50-тата година од својот живот.

И порното може да ве раздели – студија спроведена на Универзитетот на Оклахома луѓето кои започнале да гледаат порно откако стапиле во брак имаат двојно поголем ризик за развод. Зачудувачки е тоа што порното има поголем ефект кај жените отколку кај мажите.

Преголемата консумација на алкохол исто така го зголемува ризикот – кога жената пие повеќе од мажот ризикот за развод се зголемува за дури три пати.

Местото каде живеете – верувале и не средината каде што живете влијае врз зголемувањето на ризикот за развод. Кога во местото каде што живеете има поголема стапка на развод, значи дека средината повеќе подржува таков избор, за разлика од некое друго место кое на пример е поконзервативно.

Колку партнери сте имале пред да стапите во брак? – истражувањето на Универзитетот од Јута покажува дека жените кои имале од 3 до 9 партнери помалку се разведуваат од оние кои имале само двајца.

Скап прстен бурен развод – колку повеќе пари ќе потрошите на венчалниот прстен, фустанот и воопшто за целата венчавка поголеми ви се шансите да го завршите бракот со развод.

Караници за пари – ах, тие пари. Доколку вие и вашиот партнер имате различни гледишта за тоа како треба да се трошат партите, тогаш постои голема веројатност дека токму тие гледишта ќе ве разделат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби