Какви видови на мидери постојат и кој дел од телото го стегаат?

Постојат многу жени кои се збунувате кога во продавница за долна облека бараат мидер, а продавачката ви дава осум различни видови на мидер, без да знаете кој мидер кој дел од телото го стега.

Но, за нареден пат да знаете што точно барате, погледнете ги описите на сите видови мидер и одлучете кој е најдобар за вашето тело.

Мидер маица



Целосниот мидер кој е всушност маица е совршена опција за девојките кои сакат да го намалат нивниот стомак, но не сакаат да носат мидер гаќи. Исто така, добро е и да ги стегнете градите, со цел да имате изглед на фигура како песочен часовник.

Мидер хулахопки



Овој мидер не се носи под облека, односно совршено стои на здолниште или фустан. Ги стега бутовите, стомакот и задникот.

Корсети



Корсетот може да го носите како нормална долна облека со цел само да ви ја затега половината и стомакот. Овој е единствениот мидер кој дава најубав облик на половината бидејќи ја стега најмногу.

Мидер боди



Бодито е најдобро за девојки кои сакаат да се стегнат околу целото торзо, а да ги истакнат градите. Постојат најразлични мидер бодија кои може да ги носете секојдневно и истите да не изгледаат непривлечно.

Целосен мидер



Овој целосен мидер, има слична форма како боди, со тоа што нема облик кој би ви ги истакнал градите, па мора да носете градник. Совршен е доколку не го најдете соодветниот број на мидер боди за вашите гради, па овој ќе ви служи како замена.

Мидер гаќи



Овие гаќи ви го стегаат стомакот и задникот, а најомилен е помеѓу жените на 40-тите години, бидејќи не е многу привлечен за помладите девојки.

Мидер здолниште



Овој вид на мидер е најдобар да се носи под некој тесен фустан или здолниште, бидејќи добро ќе ви го стегне стомакот и колковите, а исто време и ќе ви го истакне задникот.

Мидер за раце



Овој изум за раце, би послужил одлично за оние кои се нервираат од досадните „свадбарки“ кои се секогаш присутни при секое подигање на раката. Се носи под блуза или фустан на долги ракави, но и одлично изгледа доколку го облечете на некоја блуза или фустан на широки рамки. Сепак, не стега колку секој друг мидер наменет за другите делови на телото, бидејќи е изработен од поразличен материјал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби