Секогаш кога нанесуваме пудра на лицето со помош на сунѓерче дел од пудрата завршува на него. Освен тоа по одреден број на нанесувања треба да купиме ново или едноставно да го измиеме старото зошто е одлично место за размножување на бактерии.
Затоа шминкерите и блогерите за убавина имаат нова финта, која досега сигурно не ви паднала на ум.
Силиконско сунѓерче SiliSponge! Слично на она што се става во градникот за да го пополните деколтето, но овој пат наменето само за шминкање.
Силиконскиот апликатор освен тоа што ќе ви помогне да ја распределите пудрата на саканиот начин, лесно се чисти и ви овозможува да ја искористите целата шминка.