ШТО САКААТ ДА ВИ КАЖАТ ВАШЕТО ТЕЛО И МИСЛИ?

Едноставен водич за медитација

Исклучувањето на мозокот е ефективен начин преку кој се намалува стресот, но пред сè овозможува подобро да ги разберете работите пред да ги разграничите.

Често пати, преоптоварени сме со секојдневниот стрес и работни обврски, што не ни забележуваме колку ни е заморен мозокот од сите тие различни обврски. Посегнуваме по сонот, но всушност тој иако ни е потребен за добро да функционираме, потребно е понекогаш да ги изрелаксираме и нашите мисли. Тоа се постигнува со медитација.



Многумина посегнале по овој начин на релаксација, па голема е веројатноста некој веќе да ве советувал да започнете да медитирате. Доколку не знаете како, прочитајте ги следните совети за почетници и почнете да навлегувате во тој процес. Верувајте дека ќе ни бидете благодарни.

Подготовка:

  • Пронајдете удобно место кое ќе ви овозможи да се чувствувате силно, но исто така ќе ви пружи и чувство на мекост и нежност
  • Ако сте на под, вашите колкови треба да се на повисока височина од колената. Ако седите, обидете се тоа да биде во исправена положба, но не и вкочанета
  • Опуштете ги вашите раменици и слободно пуштете ги рацете покрај телото
  • Поставете ги дланките каде што ви е најудобно, во зависност од положбата на седење
  • Може да ги затворите очите, да ги држите отворени или да се загледате во некоја точка пред вас.. изборот е ваш
  • Откако добро ќе се наместите, потребно е да обрнете внимание на неколку работи. На почеток, проверете ја состојбата на вашиот мозок. Дали е брз? Дали е бавен? Замислете дека гледате во океан и сите промени кои ги чувствувате, помислете дека се брановите на океанот.

Кога ќе ја сфатите состојбата на вашиот ум, замислете си нешто и забележете како вашето тело реагира на таа замисла, одделно од мозокот. Оваа разлика помеѓу телото и мозокот ви овозможува појасно да го запознаете вашето тело и неговите потреби.

Потоа забележете го начинот на кој што дишете. Дали тоа се случува преку градите? Можеби преку усната шуплина или преку носот? Ова може да претставува светилник во океанот, во кој секогаш може да се вратите кога ќе се изгубите.

Забележете ја возбудата додека дишете:

Што е она што го чувствувате во вашето тело? Ова се различните квалитети на водата во океанот. Дали здивот го предизвикува вашето тело да се движи или да е во мирна положба? Ако телото покаже потреба да се движи, дозволете му го тоа. Може да искусите пријатни, непријатни или неутрални чувства. Обидете се да го правите она што ви е потребно. Секогаш придржувајте се до вашето дишење и ако се почувствувате загубени во состојбата во која се наоѓате, сконцентрирајте се на здивот.



Набљудувајте ги мислите како ви поминуваат:

Замислете дека мислите се бродот кој плови по океанот. Тие се многу поразлични од она што го чувствувате во вашето тело.

Дозволете му на бродот слободно да плови низ брановите. Ако бродот ви го одземе целото внимание, можеби има некоја порака која сака да ја чуете за да продолжи да плови.

Повторувајте ја оваа постапка подолго време и запомнете, секогаш враќајте се на светилникот, вашите мисли.

На крај, заблагодарете се на најголемото чувство кое ви ја овозможи оваа медитација. Исто така, заблагодарете си себеси за вашиот напор, затоа што со ова му покажувате на вашето тело и вашите мисли дека ги сакате и доведувате тие да се во најдобра можна состојба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби