Џенифер Лопез, Кејт Мос, Тараџи. П. Хенсон, Џесика Честеин и Донатела Версаче ја украсија мартовската насловна страна на магазинот W.
Во изданието наменето за моќни жени, познатите дами зборуваа за своите тела, годините и долговечноста. Нивното интервју беше овековечено низ фотографиите на Мерт Алас и Маркус Пигот.
Како од мајка родената Кејт Мос (43) уште еднаш покажа дека нема никаков проблем да позира потполно гола.
-Од самиот почеток фотографите ми велеа да се соблечам и покрај тоа што не ми се допаѓа изгледот на моето тело. Морав да се навикнам со тоа да бидам гола, вели таа.
Лопез (47) исто така зборуваше за своето тело.
-Никогаш не го ценев своето тело и својот изглед во своите 20-ти. А, сега си велам: Види ме! Види се! Мислам не на арогантен начин. Само се ценам себе си на начин на кој што не го правев тоа кога бев на таа возраст.