Моќни начини да се издигнете повторно на нозе

Сите имаме периоди кога сме изнемоштени физички, ментално и емоционално. Има денови кога со сила ги извршуваме нашите обврски, кога до 10 часот наутро имаме испиено три кафиња, но џабе е, ништо не помага. Како да си помогнете себе во овие периоди и повеќе ни ден да не се чувствувате така?

Спијте како да нема утре



Нашите тела се машина. Убава, автентична и неверојатно сложена машина на која и треба нега и одмор. Исто како што го исклучувате компјутерот на крајот од секој ден, така и вие треба да си ги наполните батериите на телото и умот секоја вечер. Истражувањата покажуваат дека добар сон навечер, буквално го чисти вашиот мозок од токсините кои што се собирале речиси цел ден, па поради тоа сонот од седум до осум часа мора да се почитува секоја ноќ. Сепак, понекогаш на телото му е потребно подолг одмор, па дозволете си подолг сон, кој самите ќе си го одредите.

Размислувајте додека јадете



Совесното јадење треба да стане пракса и тоа многу часови пракса. Особено ако сте од оние личности кои додека ручаат со едната рака, а со другата одговараат на мејлови и телефонски повици. Совесното јадење ве предизвикува да го почувствувате секој вкус кој што го внесувате, а на овој начин ќе изградите една цврста и здрава врска со храната. Верувајте дека на овој начин, јадењето ќе ви биде повкусно. Досегашните истражувања покажуваат дека совесното јадење ви го подобрува расположението, го намалува стресот и ве води кон здраво намалување на телесната тежина.

Прескокнете го кафето



Кофеинот е стимуланс кој директно влијае врз вашиот централен нервен систем. Токму затоа, вишокот на кофеин може да предизвика тахикардија и брзо чукање на срцето. Ако веќе се чувствувате нервозно, стресно или изнемоштено, немојте да посегнувате по кафе. Наместо тоа, потрудете се да направите нешто природно, како на пример да вежбате, да медитирате или нешто кое што знаете дека ќе ве крене. Ако не може да замислете ни ден без утринско кафе, обидете се да изградите подобра врска со кафето. Уживајте во секоја голтка и пијте го од една шолја која ќе ви биде омилена.

Бидете активни



Движењето моќно ве расположува и инстантно го намалува стресот, а докажано ви ја заштитува меморијата и способностите за размислување. Без разлика дали ќе се качите на велосипед, ќе трчате или ќе практикувате јога, научете дека преку движењето се намалува стресот. Вежбањето наутро може да ви помогне да бидете расположени цел ден.

Уживајте во тишината



Секоја животна трансформација бара медитација и тој совет може да го чуете насекаде, а тоа е така затоа што навистина функционира. Околу 80% од докторските прегледи се случуваат поради проблеми поврзани со стрес. Медитацијата докажано го намалува стресот, го зајакнува имунитетот, го подобрува сонот и ја зголемува среќата. Дури 5 минути медитација може да ви го подобрат денот.

Изгладнете го егото, нахранете си ја душата



Ова е многу едноставно: Правете работи кои ве прават среќни. Цртајте, гответе си го вашето омилено јадење, купете ги оние чевли кои ги гледате цел месец, поминете цел викенд гледајќи серии.. Што и да изберете, направете го тоа да станете посреќни, а не само за да ви помине времето. Нахранете си ја душата со што и да сакате.

Слушајте си ја интуицијата



Имате некое претчувство кога носите големи одлуки? Почнете да го слушате тоа. Нашите тела често ни кажуваат што ни треба уште пред да го сфатиме тоа. Дремнете кога сте изморени. Појдете на некое патување ако имате страст кон патување. Запрашајте се себеси зошто нешто што е добро не ви изгледа за добро. Сепак, ова мора да го вежбате подолго време за да почнете навистина да се слушате себеси. Важно е да сте искрени со вашите чувства.

Измешајте ја малку рутината



Да скршнете од рутината може да биде најдобриот лек во моментот во кој се чувствувате изнемоштено. Предизвикајте се себеси да правите нешто ново секоја недела или пак ако сте доволно ентузијасти, секој ден. Може да бидат сосема едноставни работи од менување на патот по кој одите на работа, до почнување на блог. Новите искуства ви го разработуваат мозокот кон нови начини за размислувања, што ве прави посреќни.

Инвестирајте во позитивните работи околу вас



Градењето на здрави врски започнува со свеста за тоа што и кој ве прави среќни во вашиот живот. Може да биде поврзано со вашиот партнер, семејство, пријател, храна па дури и вие самите. Ценете го сѐ она што секој еден го прави за вас. Бидете полни со самодоверба и позитивно гледајте на работите.

Научете нешто ново



Учењето нѐ прави среќни. Може да ни помогне да живееме подолго, да имаме отворени сфаќања и да ни се исполни животот со многу убави работи. Може да започнете со сосема мала работа, на пример, да научите да плетете преку Youtube видеа, а може да започнете и со нешто поголемо, како на пример да посетувате курс од три месеци. Што и да се одлучите, вашиот мозок ќе ви биде благодарен што го одржувате млад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби