Работа од дома: Кои се предностите, а кои се маните?

Сѐ повеќе работодавци ја прифаќаат флексибилноста и опуштеноста за работа од дома. Иако сите се водиме од принципот дека многу е подобра работата кога сите сме на куп, сепак свои предности имаат и оние вработени кои може да си дозволат да работат во домашна атмосфера. Не сите професии се предодредени за ова „работно место“, но ако вашата работа не ве приврзува до некој објект, зошто да не се препуштите на работењето од удобноста на вашиот кауч?



Како што има свои предности и мани работата во некој објект, така свои предности и мани има и работата од дома.

Предности:



Флексибилност – ова не се однесува само на времето, туку и на условите за кои само вие одлучувате. Може да си направите атмосфера каква што сакате и при тоа вашата одлука нема да зависи од желбата на другите.

Помалку фактори кои ќе ви сметаат – од време на време колегите може да ве деконцентрираат во работата и продуктивноста. Работата од дома може да го намали тоа.

Близина со семејството – на многумина ни е важна близината со семејството, особено ако имаме новороденче или мало дете. Работата од дома и фактот дека знаеме дека детето ни е добро, многу го намалува стресот поради кој може да се оптеретуваме додека сме на работното место.

Подобро здравје – со работата од дома може да го избегнеме губењето на време во превозот до работа и назад, а со самото тоа ќе го намалиме и стресот и ќе го подобриме здравјето.

Мани:



Изолираност – често оние кои работат од дома се жалат на изолираност и недоволна работна атмосфера. На некои тоа може да им делува поприлично депресивно што доведува до непродуктивност. Личностите кои работат од дома со самото тоа мора да бидат доста покреативни и помотивирани за да успеат успешно да работат.

Неможност да ги одделат домашните од работните обврски – може да ви се случи, поради непостојано фиксно работно време, едноставно работата да стане дел од целиот ден и повеќе да не може да повлечете граница помеѓу работата дома и работните обврски.

Потреба за силна самодисциплина – на некои работата од дома ќе им претставува додатен напор, бидејќи ќе мора самите да се сконцентрираат, односно да имаат огромна самодисциплина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби