Авицена Женска трка 2017: Интересот полека го надминува рекордот од минатата година

Со години трчањето и спортувањето се синоним за здравјето и здравиот начин на живеење за илјадници луѓе. Традиционално пред почетокот на Виз Ер Скопски Маратон сезоната на здрави навики започнува со Авицена Женска трка која оваа година ќе се одржи на 9-ти април во Градскиот Парк. Трката која е во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и е под покровителство на Град Скопје, оваа година добива нов генерален партнер во Авицена Лабораторија.

За сите заинтересирани оваа трка е дополнително охрабрување за започнување со тренирање, вежбање и зацврстување на здравите навики.

По пријавувањето кое започна на 16-ти февруари веќе се пријавени над 800 учеснички со што полека се надминува рекордниот број на натпреварувачки од минатата година. Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време и трите најдобро пласираните во генерален пласман ќе добијат награди како и најдобрите три по возрасни категории. По прогласувањето на најдобрите ќе следува лотарија со извлекување на стартни броеви од кои најсреќните ќе добијат вредни подароци од партнерите на Авицена Женска Трка 2017.

Авицена Женската трка низ годините успева да ги посочи здравствените придобивки од редовното спортување и да инспирира за воведувањето на трчањето како здрава навика во животниот стил кај секого и затоа оваа година истата е поддржана од Авицена Лабораторија, која како специјалистичка дијагностичка лабораторија секогаш ги поттикнува спортот и здравите навики, во насока на унапредување на човековото здравје.

Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женската трка 2017 ќе може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон www.zenskatrka.mk и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби