Уште само една недела до второто издание на Fashion & Lifestyle Expo!

Со полна пареа се одвиваат последните подготовки пред овогодинешното, #воншаблон -ско издание на Fashion & Lifestyle Expo, кое и оваа година ќе се одржува во фоајето на Македонската опера и балет, од 29ти до 31ви март.

Програмата која изобилува со многу креативни и инспиративни презентации, работилници и настапи ви е веќе добро позната, а оние кои ја пропуштиле можат да ја погледнат тука.

Пролетното расположение нè води кон нови промени, а овој тродневен настан ветува вистинско бегство од секојдневието и рутината.

Влезот за настанот во текот на трите дена и за сите презентациите и работилниците е бесплатен и отворен за сите посетители, а за презентациите и работилниците можете да се пријавите на овој линк.

Трите дена, програмата започнува од 15 часот, во катчињата – F&L Café, Main stage, Creative Hall. Активностите во Beauty Bar-от ќе започнуваат од 16 часот, а веќе од 17 часот посетителите ќе уживаат во одлична морска храна во Food corner-от на Frutti di Mare.

Fashion & Lifestyle Expo ви нуди 360° од она што го нарекуваме животен стил, па така, покрај бројните работилници, вкусната храна и одличните изложби во Галеријата, посетителите ќе уживаат и во извонредната музичка програма.

Среда 29ти март -  музичката програма започнува во 20:00 часот, на изложбениот простор на Студио Теохаров со DJ Danny Begic, по што ќе следи пијано концерт на пијанистот Бобан Мирковски, во придружба на пијанистот Дино Имери и балетски перформанс на Студио “Балерина”.

Во 21:00 ARMARIUM ќе ја претстават последната колекција кошули – SEXY – WEAR IT DAILY, а крајот на првиот ден ќе го заокружи џез-бендот – Филип Стевановски.

Четврток 30ти март – музичката програма започнува со Krle DayOff @ StudioTeoharov во 19.30, по што следи авангарден арт-перформанс – Body Electric by Kovski.

Во 21:00 младата дизајнерка Јелена Станаревиќ ќе ја претстави новата колекција со невообичаен моден перформанс – J.DOE by NAN DEMO, а до крајот на вечерта ќе не забавуваат Supersonix.

Петок 31ви март – подгответе се за едно нетипично опуштање по работните обврски.

After-work забавата започнува во 17:15 часот со загревање со Pass-N-G-R (massiva music) @ Studio Teoharov. На забавата ќе имате можност да ги пробате премиум вината Private Reserve на Винарија Стоби и вотката ABSOLUT, а настанот ќе го затворат Beta House со одлична музичка програма.

Одиме #воншаблон!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби