КАКО И УСПЕВА?

Атрактивна и на 64: „Тајните“ на првата дама на Франција

Да имаш 64-години, да си мажена со 24 години помлад сопруг и да бидеш прва дама на Франција воопшто не е мала работа.

Сопругата на новоизбраниот француски претседател, Емануел Макрон, воопшто не наликува на просечна жена на нејзини години. Можеби затоа Брижит Троњо преку ноќ стана интересна тема за светските таблоиди, кои се обидуваат да одгатнат како оваа жена се носи со годините покрај фактот што е повеќе од две декади постара од својот сопруг.

Модерна фризура

-Нејзиниот стил е дефиниран од нејзината младолика и мека фризура, наместо од класичен стил на уредена коса. Носи модерна боб фризура, која најверојатно изгледа онака богато и густо поради екстензиите кои се под неа, вели еден стилист.

Уште еден фактор кој придонесува кон помладиот изглед е бојата на истата, што и овозможува на Брижит вешто да ги прикрие седите влакна, а воедно да изгледа шик.

Малку „магија“

За 64-години првата дама изгледа поприлично „испеглано“ во некои делови на своето лице, што според експертите не ја исклучува можноста да се подложила на некои мали естетски зафати.

-Речиси е 100 отсто сигурно дека има направено третман за измазнување на делот под очите со што треба да изгледа посвежо, одморено и сјајно. Освен тоа изгледа и дека се подложила на пополнување на образите и подмладување на средниот дел од лицето. Голема е веројатноста брчките да се испеглани со филери кои ги потполнуваат линиите, објаснува доктор Татијана Лапа, од Studio Clinic.

Не е имуна на скапи брендови

Брижит носи облека во која изгледа помладо од што реално е. Нејзиниот стил се состои од едноставни парчиња кои ги затскриваат недостатоците на телото. Несомнено е дека тука голема улога игра и витката линија, за која изгледа дека се пресудни гените, а не некоја тешка тренинг рутина.

Првата дама обожава брендирана облека и аксесоари, па голем дел од она што го носи е од колекциите на светски познатите модни брендови како Кристијан Диор и Луј Витон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби