Лагите кои му ги кажувам на сопругот за да го зачувам бракот

Вистината понекогаш може и да боли. Тоа најдобро го знае блогерката Луси Кларк, која одлучила искрено да проговори за лагите кои жените им ги кажуваат на своите сопрузи за да ја зачуваат хармонијата во бракот. Кои се најчестите?



Сексот беше фантастичен

Не може да барате многу од жена со две деца и исцрпувачка работа. Не уживам во сексот како некогаш, но тој е среќен од помислата дека уште е вистинска секс машина, па го оставам да си верува во тоа. За брачна хармонија вреди да се искажат неколку мали лаги за неговите сексуални моќи.

Не си здебелен

Мојот сопруг верува дека и денес изгледа еднакво исто како оној ден кога се запознавме. Секако, тоа не е вистина. И двајцата сме се здебелиле со текот на годините. Тоа е целосно нормално во моите очи. Го сакам таков каков што е и не ми сметаат неговите дополнителни килограми. Јас лично работам на тоа да ги симнам килограмите кои што ги качив во текот на бременоста, но тој не е мотивиран за слабеење. Наместо тоа, постојано од мене бара потврда дека не е дебел.

Уште си ми секси

Тој веќе не е момчето за кое се омажив. Можеби на некоја друга која го гледа од страна и е најзгодниот фраер на светот, но мене не ми е и се помирив со тоа. Не би му било сеедно тоа ако го знае, но нема смисла да му го кажам тоа. Ништо не би се сменило и само би му ги повредила чувствата.

Иако пеперутките од стомак одлетаа, се уште сум заљубена во него и сакам секој момент од животот да го поминеме заедно. Секако, се уште му зборувам дека е Божји дар за мене.



Ми се допаѓа твојот подарок

Мојот сопруг не знае да донесе разумна одлука за подарок. Не можам да се сетам на ниту еден негов подарок кој не ме разочарал. Неверојатно е како после толку години брак се уште не го познава мојот вкус. Од друга страна, важна е намерата. Без оглед на тоа колку бил лош подарокот, тој вложил труд во негово осмислување и токму тоа го прави подарокот значаен.

Не ми пречи што излегуваш со пријателите

Секако дека ми пречи! Мојот живот би бил многу полесен кога би останал дома и би ми помогнал со децата. Моите утра би биле сто пати подобри да не морам да се занимавам со неговиот мамурлак. Секако, секогаш му велам дека не ми пречи што излегува и му велам добро да си помине.

Во негово отсуство правам вечера, ги извршувам домашните обврски, ги бањам децата и ги подготвувам за кревет. Тоа за мене не е идеална вечер, но знам колку него му е важно да се дружи со пријателите. Излегувањата му се прилика да се опушти, а тоа долгорочно влијае на нашиот брак.

Не, не ми е нова облеката, стара е



Овие стари панталони? Ги имам сто години, само што никогаш не сум ги облекла. Тоа е мантра на секоја тајна шопингхоличарка. Да, на крајот од месецот сме малку во минус, но мене навистина ми е потребна црна чанта или оној фустан за на работа.

Вкусна ми е храната која ја готвиш

Не, не ја сакам, има одвратен вкус. Мојата храна е многу повкусна и изгледа подобро, но ако ти ја готвиш, тоа значи дека јас не мора да готвам и тоа многу го ценам. Се што може да ми заштеди време добива плус од мене, дури и ако морам да ги фалам твоите кулинарски „вештини“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби