Неколку нешта кои жените треба да ги знаат за виното

Кога седнуваме со нашиот партнер на вечера, келнерот вообичаено му го дава менито за вино нему, со цел тој да избере какво вино би пиеле. Но, зошто секогаш мора мажите да избираат? Време е тоа да се промени. Научете неколку работи за виното и следен пат вие изберете го виното што ќе го пиете.

Како да знаете дали виното било добро затворено?



Ако го пробате виното и има некој влажен картонски вкус, најверојатно не било добро затворено. Ова е многу честа појава која се случува кај 3 од 10 шишиња вино. Сепак, не мора да го пиете токму тоа шише. Ако сте во ресторан, кажете дека нема добар вкус и побарајте друго шише. Нема потреба да се чувствувате засрамени.

Повеќето вина се суви

Најчест страв кој го имаат луѓето е тоа дека виното ќе биде премногу слатко. Најпрво, важно е да знаете дека виното е слатко само ако во него има додадено повеќе шеќер. Токму тоа е она што останува кога виното не е доволно ферментирано. Тоа се случува со доцна берба, односно со она грозје кое се користи за вина кои се служат заедно со десерт.

Шампањското е вино од Шампањ, сe друго е пенливо вино



Кога барате шампањско, барате пенливо вино од специфичен регион во Франција. Поскапо е од другите вина поради тоа што станува збор за грозје кое скапо се одржува и  поминува низ посебен процес на производство. Ако сакате поевтина варијанта на пенливо вино, може да нарачате French Cremant, кој се прави со иста процедура како и шампањското.

Во ресторан, вината во шише се повредни од наливните во чаша

Ако сте излезени со пријател и двајцата сакате да пиете по една чаша вино, повеќе ви се исплаќа да нарачате шише отколку чаша. Секогаш виното во шише е подобро, отколку она што ви го ставаат во чаша. Можеби ќе платите  некој денар повеќе, ама барем ќе бидете сигурни што пиете. Ако не знаете што да изберете, слободно прашајте го келнерот да ви понуди некое кое добро ќе оди со вашето јадење.

Прекршете ги правилата кои ви е ќеиф да ги прекршите



Кога станува збор за виното, постојат одредени правила. Но, зошто да не ги прекршите ако тоа ви изгледа добро и вкусно? Започнете ја вечерата со црно вино, а на крај преминете на бело. Пробајте пенливо вино со некоја зачинета храна. Едноставно игнорирајте ги правилата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби