ПОДЕЛЕНИ ОБВРСКИ

10 работи кои секој новопечен татко треба да ги знае

Без разлика дали наскоро ќе станeте татко или веќе сте, вашиот живот значително ќе се промени на некои возбудливи и изненадувачки начини. Прилагодувањето на новите очекувања и одговорности може да биде тешко, но немојте да се грижите – секој почеток е тежок. Ви даваме некои совети кои би можеле да ви ја олеснат улогата на татко.



Понекогаш ќе мислите дека сте направиле огромна грешка

Нормално е дека од време на време потајно ќе си помислувате зошто воопшто сте се одлучиле на дете во овој момент. Дали сте подготвени на тие обврски? Заборавете ги овие сомнежи, бидејќи тие размислувања траат многу кратко. Набрзо ќе размислувате зошто порано не сте направиле дете.

Бебе + патување = неред кој не го очекувавте

Повеќето нови родители се плашат за патување со бебе, а всушност тоа е најдобриот период за на одмор. Со три месечно бебе, се што ви треба да го забавувате бебето е шишенце со јадење. Исто така, него му е сеедно каде се наоѓате и каде одите, па воопшто не е стресно.

Би било добро да купeте рачна правосмукалка

Многу време ќе поминувате во чистење на подот. Најпрво ќе станува збор за течности како на пример плунка или урина, но наскоро ќе се истураат кашички, грицки, зеленчук и овошје. Нема секогаш да ви се вклучува правосмукалката, па затоа добро е да вложите во рачна. Ем е полесна, ем може да завршите работа со неа за една минута.



Кратко: Драги татковци, целосно е прифатливо понекогаш да направeте готов оброк. Не мора да се чувствувате лошо за тоа.

Однесувајте се како возрасна личност

Една од најтажните глетки е да гледате како родителот и детето заедно викаат за да се види кој ќе издржи повеќе. Децата се непресушен извор на веселост, но само кога не се непресушен извор на фрустрации. Дишете длабоко и немојте да допуштите да се симнете на тоа ниво, бидејќи вие сте одговорниот. Двегодишното дете има право да се однесува така.

Прифатете ја секоја помош околу децата

Постои голема разлика во периодите кога детето е подготвено да остане насамо со некој (што е обично кога може да се храни со шишенце или да издржи неколку часа без доење) и кога родителите се подготвени да го остават детето со некој (што е многу подоцна). Уморот и фрустрациите се постојани, па потребна ви е пауза. Колку побрзо го сфатите тоа – толку подобро. Вашата партнерка може да протестира, но дајте се од себе да ја натерате да си имате време само за вас двајца. Се изгледа многу полесно по добар оброк и малку вино.

Позајмените и користените работи се добредојдени

Користената опрема е подобра за вашиот паричник, па затоа прифатете ги работите кои ви ги нуди вашата сестра или блиска пријателка. Тие ги искористиле за своите деца, а сега веќе не им требаат, па ви ги позајмуваат. Сепак, тоа не треба да значи дека не треба да ги чувате, мора да ги вратите во истата состојба во која ви ги дале.



Одвојте време и за други односи во вашиот живот

Не само што е важно вашето дете да знае дека не постоите овде само за да му ги задоволувате желбите, туку и го учите на важна лекција за тоа како изгледа исполнет и задоволен живот. Ако вашето дете ве гледа во улогата на добар пријател и посветен родител и самото учи на тоа што значи да е добар човек.

Не постои такво нешто како „премногу марамици“

Штета што нема награда за тоа кој родител ќе потроши најмногу влажни марамици околу бебето. Добро е секогаш да ги имате при рака, затоа што со нив можете се да бришите.

Вие не сте „заменска мајка“, вие сте татко

Запаметете, вие двајца ја имате еднакво улогата на родители. Не чувате деца, туку се грижите за нив. Бидете информирани, вклучени и активни во улогата на татко и учествувајте во тимската задача заедно со мајката. Никогаш немојте да дозволите некој да ви го зборува спротивното. Искористете ја вашата улога да го воспитате детето најдобро што можете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби