Ревија за паметење: Versace ги спои најбараните супермодели на едно место

Помина долго време откако на модната писта имавме можноста на едно место да ги видиме Наоми Кембел, Клаудија Шифер, Карла Бруни, Хелен Кристенстен и Синди Крафорд.

Донатела Версаче реши повторно да ги спои едни од најголемите супер модели на сите времиња, за да ја одбележи 20-годишнината од смртта на нејзиниот брат, дизајнерот Џани Версаче.

Модната куќа Версаче го отвори модно шоу за сезоната пролет/лето 2018 на модната недела во Милано, со најактуелните манекенки во моментот Кендал Џенер и сестрите Џиџи и Бела Хадид.

Присутните имаа можноста на писта да ја погледнат и ќерката на Синди Крафорд, Каиа Гербер, која иако има само 16 години, веќе е подготвена за модниот свет.

Шоуто имаше триумфален завршеток со појавувањето на златните дами кои ја одбележаа ерата на Џани Версаче.

Наоми, Клаудија, Карла, Хелен и Синди изгледаа како во старите добри времиња кога беа главни ѕвезди на модните писти, а воедно и најбарани модели во 90-тите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби