Како да заштедите пари, а тоа да не влијае на вашиот стил?

Облека -вечната дилема на секоја жена. Секое парче е уникатно, се согласуваме. Но и вие ќе се согласите со нас дека имате барем едно парче облека во вашиот плакар кое никогаш не сте го облекле, а ниту пак ви е во план.

Водејќи се од резултатите од една неодамнешна студија дека дури 79% од жените одат во шопинг како би го подобриле нивното расположение, но не и од причина дека нешто од купеното им е потребно, создадовме паметна стратегија која ќе ви овозможи да бидете во тренд со нови парчиња облека, а сепак да не биде жртвуван вашиот стил.

Креирајте буџет

Иако зборот буџет во денешно време е синоним на некоја тежина, целата поента на буџетирањето треба да асоцира на нешто ново, забавно кое можете да си го дозволите.
Можете при распределување на буџетот да направите место за нови нешта, а средствата да ги искористите во  избрано време. Попустите денес се направени да бидат краткорочни и ретко кој може да ги фати. Кога би имале буџет на страна, тоа не би ви претставувало проблем и во секое време средствата ќе може да ги искористите токму за нештото кое сметате дека ви е потребно, а ви се допаѓа веќе одредено време.

Уживајте во убавините на купувањето и за време на патувањата

Често ќе наслушнеме дека производот кој ни се допаѓа е поефтин во одредена земја, а во друга пак е поскап. Тоа се должи на царините кои тој производ треба да ги помине, што се вметнуваат во неговата цена. Нормално дека производот во земјата каде се произведува ќе биде поефтин, а во некоја подалечна земја ќе биде поскап. Затоа  пред да одите на пат, погледнете што се нуди низ бутиците во таа земја и направете споредба колку тоа што го сакате чини кај нас. Доколку е поефтино, тогаш купете го од таму.  

Користете готовина наместо картичка

Често трошењето пари преку картичка ве води кон илузија и немате визуелна прегледност на тоа колку всушност средства се потрошени преку неа. Од една гледна точка тоа изгледа многу попрактично и поедноставно бидејќи не треба да водите сметка колку кусур ви е вратено и да бидете загрижени дали имате доволно пари во себе, но  другата перспектива не е толку розова. Иако сте излегле по еден продукт сметате дека треба да купите уште неколку парчиња облека која и не ви е толку потребна во моментот. Убавината на готовинското купување е во тоа што доколку однесете само готовина нема да можете да потрошите повеќе одколку што сте планирале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби