Дали работите покрај зомби колеги?

Сигурно на вашето работно место имате барем еден колега кој своето работно време го поминува без волја, чекајќи со нетрпение да заврши како би се посветил на своите лични обврски.

Овие вработени најчесто спаѓаат во онаа категорија која нема доволно инспирација и својата работа ја извршува само поради финансиската придобивка. За жал овие вработени се во поголем број од оние кои имаат мотивација и со љубов го работат она за кое всушност се платени.

Според неодамнешната студија на Aon Hewitt помалку од една четвртина од вработените во светот се класифицирани како високо посветени во однос на она кое го работат, додека 39% признаваат дека се умерено вложени.

Таканаречените зомби работници освен што трошат залудно 8 часа дневно и најчесто бегаат од обврски, создаваат и непријатна атмосфера за вработените кои потполно се ангажираат и го вложуваат својот максимум за да работа биде успешно сработена.

Иако навидум ова е едноставен проблем, експертите сметаат дека всушност е мошне сериозен, а последиците од него веќе се одразуваат на квалитетот на услугите и производите.

Кога на пазарот постои конкуренција која располага со што подобри производи и понудени услуги, корисникот на истите има поголема можност да избира меѓу нив.

Со зголемувањето на продуктивноста на вработените се вложува и во подобрување на производите и услугите, што пак води кон просперитет, а воедно и позадоволни и посреќни клиенти.

Последните бројки укажуваат на тоа дека само мал процент од работниците може да го придвижуваат светот, односно даваат сè од себе за развојот на своите компании. 

Стефан Касриел, извршниот директор на Upwork смета дека оние кои не ги исполнува она што го работат треба да поработат на своите вештини кои се поврзани со онаа работа која ја посакуваат. Сепак, доколку побарувачката на пазарот нема потреба од тој вид на вештини, можеби треба да пронајдат начин како повторно тој труд да го направат баран на пазарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби