4 начини какo да ја поправите вашата врска

Врските не е секогаш се такви какви што ги замислуваме и гледаме во филмовите. Зад сите розови моменти има и неубави за кои е потребно време и трпение да се поправат.

Пред сè потребно е да имате волја и да размислите дали сакате вашата врска да функционира. Ако одговорот е потврден ви препорачуваме 4 чекори кои ќе ви бидат од корист.

1. Потсетете се на почетокот

Разгледајте ги старите фотографии заедно и потсетете се на добрите моменти кои сте ги доживеале. Поминувајте повеќе време со вашиот партнер и укажете му како тој допрел до вас со неговите поранешни постапки. Третирајте го како на самиот почеток на вашата врска.

2. Веднаш престанете со кавгите

Оставете ја вашата гордост на страна и простете му ги нештата поради кои започнала кавгата. Доколку кавгата потекнала од вас побарајте да ви прости. Не дозволувајте да се создаде бариера која ќе направи да се оддалечите еден од друг, туку преминете преку неа. Откако ќе го направите тоа не му ги пререкувајте нештата кои сте му ги простиле затоа што ќе направите работите да станат полоши.

3. Комуникацијата е решение за се

Недостатокот на комуникација е причина за многу недоразбирања. Без неа што и да правите паѓа во вода. Седнете и разговарајте со вашиот партнер за причините поради кои настанале недоразбирањата и како би ги решиле истите.

4. Покажете му колку ви значи

Подобро е секогаш отворено да ги покажувате вашите емоции. Кога би почувствувал вашиот партнер дека е сакан сигурно нема да се откаже лесно од вас и вашата врска, туку и тој ќе се вложи во вашето спасување. Можеби ќе ви биде потребно повеќе време, но ќе вреди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби