Зошто е толку тешко да ги разбереме мажите?

Сигурно ви се случило да не можете да го разберете однесувањето на мажите или да погодувате на што размислуваат во моментот.

Прочитајте ги работите кои можеби ќе ви помогнат полесно да го разберете нивното функционирање во врските и уште полесно да го сфатите нивното однесување во конкретни ситуации.

Мажите не комуницираат како жените

Факт е дека жените користат повеќе зборови од мажите. Една студија покажала дека мажот просечно употребува околу 2000 зборови дневно, додека жените околу 7000.
Може да се заклучи дека жените зборуваат три пати повеќе од мажите.  Ако го прифатиме тоа дека жените сакаат повеќе да зборуваат од своите партнери, ќе се сложите дека понекогаш мажите со право ги превртуваат очите во тие разговори.

Мажите сакаат да се бакнуваат со отворени очи

Во дадена студија е докажано дека 92% од жените ги затвораат очите додека се бакнуваат, додека пак процентот на мажи кои го прават истото е 42%.  Кога ги затвораме очите нашиот мозок се фокусира подобро на сензуалниот дел од бакнежот.

Мажите мислат дека модерниот живот е потежок

Сите ќе се согласиме со тоа дека новото темпо на живот нуди повеќе можности, но поголема група мажи ќе се согласат и дека е многу потешко да се напредува во кариерата поради рамноправноста со жените. Мнозинството припадници на посилниот пол се помируваат со успехот и напредокот на жената, додека на други тоа и понатаму им пречи поради машката гордост и его.

Мажите само мислат дека мразат шминка

Многу мажи често велат дека сакаат жени со природен изглед, отколку со шминка,. Сепак, иако го зборуваат ова, тие го мислат спротивното. Студија покажува дека мажите им пристапуваат 6 минути порано на жените кои носат шминка во однос на  оние кои не носат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби