Кејт Мидлтон секогаш знае како да го привлече вниманието на себе, особено со изборот на фустани во кои се појавува во јавноста.
Мидлтон и нејзиниот сопруг присуствуваа на „Royal Variety Performance“, каде бремената принцеза блесна во бебешко сина креација со кристали од нејзината омилена дизајнерка, Џени Пекам која ја надополни со потпетици од Оскар де ла Рента.
Синиот фустан на војвотката од Кембриџ за кратко стана топ тема на Twitter , а некои отидоа до таму што ја споредија со цртаниот лик Елза од „Frozen“.