Нешта кои успешните луѓе никогаш не ги прават

Сите прават грешки, но само оние кои извлекуваат поука од сопствените може да го остварат својот долгоочекуван успех. Животот и работните обврски бараат константно учење, но и надоградување на она знаење кое веќе го имате.
Врз основа на искуствата кои успешните луѓе ги имале, ова се работите кои тие никогаш не ги прават:



Не се навраќаат на она што не успеало

Не го губете своето време на оние нешта кои едноставно не може да се поправат. Со овој пристап ги доведувате во опасност своите лични односи и кариерата. Не би требало да се навраќате на истата работа очекувајќи поинакви резултати, иако веќе залудно сте ги потрошиле сите можни обиди.

Не се обидуваат да променат некого

Да промените некоја личност претставува буквално промашена мисија. Дури и да успеете во намерата со целиот вложен труд голема е веројатноста однесувањето на личноста да е променето само кон вас. Па во однос на тоа успешните луѓе советуваат дека е подобро да му дадете време на некого и притоа да го оставите сам да стане свесен за последиците кои ќе следат од однесувањето отколку да го присилувате да направи нешто што не сака.



Не им ги задоволуваат очекувањата на сите

Сосема е нормално некој во работниот или фамилијарниот круг да не биде задоволен од одредени ваши одлуки. Тоа не значи дека вие правите грешка и треба вашето расположение и енергија да опаднат поради тоа. Секоја личност е различна, а сосема прифатливо е во одредена група барем една личност да не е среќна  поради одредена причина.

Не забораваат и на своите чувства

Чувствата се оние кои секогаш нè предупредуваат за одредени ситуации уште пред тие да настанат. Оние кои се исполнети со задоволство поради работата која ја извршуваат најчесто се тие кои го доживуваат најголемиот успех. Па нареден пат пред да прифатите да работите нешто кое не ви причинува среќа, добро размислете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби