Хороскопските знаци и нивните најголеми мани (прв дел)

Денеска ќе бидеме малку подиректни со вас и на еден интересен и хумуристичен начин ќе ги прикажеме сите негативни особини кои го отсликуваат вашиот знак.

Овен

Не само што сте арогантни и конфронтирачки настроени, туку и знаете да бидете инаетливи. Она што ќе го зацртате мора да биде така, па ниту еден факт и доказ нема да го докаже спротивното. Уживате да се однесувате недисциплинирано и да ги омаловажувате другите.

Бик

Апла сте љубоморни на другите и зависни од тоа да го гледате салдото со постојан раст. Мрзливи сте до небо и назад и завидливи на тие што имаат повеќе од вас. Нека ви дојде паметот и сфатете дека не сте секогаш вие во центарот на вниманието.

Близнаци

Тотално сте нервозни кога треба да донесете важна одлука. Знаете да бидете „ненормално“ дволични, па човек нема да знае кога ќе ве фати во „нормалните“. Никој не може да направи поголем од хаос од вас, не се секирајте барем во тоа сте генијалци.

Рак

Вие како што можете да загушите луѓето со вашето песимистичко и хиперемоционално размислување никој тоа не може да го направи подобро. Каде и да одите посакувате во позадина да ве следат тажни песни бидејќи како што вас можат да ви се случат проблеми, на никој друг не може.

Лав

Вие понекогаш не се разбирате себеси, а барате другите да ве разберат. Имате голема потреба за правење драма и секогаш успевате да ја приредите што пак ве држи во центарот на вниманието. И еден совет, пораснете веќе еднаш.

Девица

Ако еден начин на функционирање ви се допадне, не се двоите од него. Не прифаќате никаква модернизација и останувате „затапени“. Сакате да направите многу работи, но секогаш наоѓате причина да не ги направите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби