Модни додатоци со кои се покажувала елеганцијата во минатото биле токму шеширите. Нив ги носеле како мажите, така и жените, а сега се враќаат во екот на модата заедно со нивна верзија во поинаков стил-качкетите.
Во зависност од сезоната постојат зимски и летни. А, лесно може да препознаете какви се според материјалите од кои се направени.
На секој изглед му даваат посебен печат и прават да изгледате самоуверено и привлечно.
За разлика од шеширите кои се претпочита да се носат во свечени прилики, качкетите ќе можете да ги комбинирате и додека носите обична комбинација.