Црвен тепих на Оскарите 2019

Најважната ноќ во Холивуд без големи модни изненадувања

Црвениот тепих на Оскарите е местото каде што секој сака да изгледа посебно, па доделувањето на престижните филмски награди со текот на годините прерасна во своевидно модно шоу, каде во обид да се биде забележан, понекогаш се прават модни грешки.

За среќа 91-те Оскари овој пат поминаа без поголеми модни изненадувања, како во позитивна, така и во негативна смисла.

Лејди Гага во Alexander McQueen



Ѕвездата на „A Star Is Born“ блесна во црн фустан од колекцијата на Alexander McQueen. Сепак, она што ја издвои од сите кои вечерва зачекорија на црвениот тепих е импресивниот Тифани дијамант.

Познатиот скапоцен камен во вредност од 30 милиони долари последен пат беше носен од Одри Хепберн на дел од промотивните фотографии за филмот Breakfast at Tiffany’s.

Лејди Гага влезе во историјата како првата жена која го носела овој дијамант на црвениот тепих од неговото пронаоѓање во 1877 година.

Џенифер Лопез во Tom Ford

Латино дивата, Џенифер Лопез, го прекри телото од глава до пети, но тоа не ја спречи да изгледа супер секси во блескавата огледало креација од Том Форд. Пејачката беше придружувана од своето момче, Алекс Родригез кој за оваа прилика ја пратеше во црно- бела комбинација.

Глен Клоуз во Carolina Herrera



Давајќи изјава на црвениот тепих, актерката откри дека златиот фустан во кој што се појави на годинешното доделување на Оскарите тежи околу 20 килограми. Креацијата е дело на модната куќа Carolina Herrera.

Шарлиз Терон во Диор



Терон (43), која е вистинска кралица на трансформациите, овој пат избра небесно син фустан со гол грб од колекцијата на Dior. Изгледот го надополни со луксузен накит од Bulgari и нова боја на косата.

Во прилог погледнете како изгледаа дел од преостанатите ѕвезди кои годинава беа дел од 91-то доделување на Оскарите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби