Сексуално активните луѓе над 50 години имаат подобро помнење

Сексуално активните луѓе повозрасни од 50 години имаат подобра меморија, односно способност за помнење, според ново истражување објавено во списанието „Архивс“ посветено на сексуалноста.



Марк Ален, професор на Факултетот за психологија при Универзитетот на Волонгонг, Австралија, го спроведе истражувањето на 6.016 лица, сите постари од 50 години. Податоците собрани во 2012 и 2014 година испитале 2.672 мажи и 3.344 жени во повеќе гледишта од нивниот живот, вклучувајќи го тука здравјето, исхраната и сексуалната дејност.

-Ова посочува дека краткотрајно, честиот секс може да има позитивно влијание врз помнењето, посочува написот.

Споредувајќи два теста над истите луѓе од 2012. и 2014., д-р Ален дојде до заклучок дека иако сите повозрасни покажале знаци на губење на меморијата, оние луѓе со повеќе интимни врски се покажале како подобри на тестовите за помнење.

Сепак, замислата дека зголемената сексуална активност може да го забави губењето на меморијата на долг рок, нема поткрепа.

-Овие наоди се засновани на експериментални истражувања кои покажаа дека сексуалната активност ја подобрува епизодната меморија и кај животните што се различни од луѓето, се вели во трудот.

И друго истражување спроведено од Универзитетот „Мекгил“ во Канада, 2016 година, посочува дека жените кои имаат повеќе секс, имаат подобро помнење. Истражувачите откриле сооднос меѓу растот на хипокампусот – делот од мозокот што ги контролира емоциите, меморијата, нервниот систем и сексот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби