Родителите понекогаш несвесно создаваат анскиозност кај децата

Анксиозноста е проблем што го има и кај возрасните и кај децата, а клиничките истражувања покажуваат дека над 20 отсто од младите се борат со оваа појава. Затоа, стручњаците препорачуваат дека за родителите е важно што порано да се работи на односот со децата.



Најчести знаци за посериозна вознемиреност кај децата се главоболка, забрзано чукање на срцето и стомачни болки, како и однесувањето со другите деца. Многу често, однесувањето на родителот може да доведе до анксзиозност кај децата без воопшто да биде свесен за своите постапки. Затоа е многу важно да е внимава што им се зборува.

Соочувањето со своите сопствени несигурности е пред сѐ, на самиот почеток. Децата го следат и учат однесувањето на родителите. Не може да се очекува дека детето ќе има самодоверба ако ја нема возрасниот. Тешко е да се избегне стресот, но може да го промениме начинот на кој ги прифаќаме лошите вести и настани.

Поттикнувањето на избегнување обврски што му се чинат непријатни на детето - само ќе ја продлабочи неговата анксиозност откако ќе мора да се соочи со тие задолженија. Родителите често им помагаат на детето да ги одложи работите што мора да ги заврши, но сепак, најдобро е тоа веднаш да се соочи со нив.

Преголемата и строга претпазливост може да биде исклучително штетна. Ако често му кажувате на детето дека одредени постапки се опасни и забранети, без да му објасните зошто е тоа така - тоа ќе стане неодлучно. Со конкретни информации, објаснете му на детето зошто нешто е опасно, за да ја сфати сериозноста на случувањата. И испраќањето измешани, нејаcни, двосмислени пораки, на пр. во смисла - „сѐ или ништо“ може само дополнително да ги збунат децата. Затоа, просто објаснете му зошто тоа нешто е важно. Со мирен тон, јаcно и двосмислено објаснете му какви се последиците.

И избегнувањето разговори за чувствата не е добро, ни за детето, но ниту за возрасниот. Важно е да знаете како се чувствува детето и да може јасно да ги изрази своите чувства пред Вас. Треба да му се објасни, на пр., дека стравот и нервозата се сосем нормални емоции. Слушајте што ви кажува и дојдете до заедничко решение преку разговор.

Пофалувањето на резултатите - наместо трудот, исто така, создава вознемиреност кај децата, што може да се одрази и подоцна во животот. Стравот од разочарување дека не направиле нешто како што треба, иако тоа е вон нивна моќ, може да предизвика висока анксиозност. Затоа, секогаш пофалувајте ги кога ќе се потрудат.

Поставувањето наведувачки прашања со однапред очекуван одговор, создава страв и не му остава простор на детето најсоодветно да ги изрази своите емоции и мисли.

Преземањето авторитативен пристап во родителството најмногу им штети на децата кои се посмирени. Ако имате повеќе деца, кои се различни по нарав, викањето и казнувањето може да ја зголемат анксиозноста кај помирното дете. Затоа, се препорачува избегнување авторитативен и строг пристап.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби