Deutsche Welle

Кој е Лудвиг Ван Бетовен?

Дива и разбушавена коса, цврсто стегнати усни и сериозен поглед кон небото - така изгледаше Лудвиг Ван Бетовен. Композиторот роден во 1808 година и денеска ја воодушевува публиката.

Петтата синфонија - денеска позната како „Ероика“ е и едно од најпознатите дела на Лудвиг Ван Бетовен. За првпат и е претставена на публиката во декември 1808 година во Виена. Со оркестарот диригираше лично Бетовен. Тогаш имаше 38 години. Но, публиката беше делумно воодушевена. Музиката на Бетовен беше поинаква и некако им беше страна. Бетовен е роден во декември 1770 година, во време во кое музиката беше само еден звучен ефект во позадина: музиката се користеше само за забава којашто се пуштала додека се играле карти или се воделе разговори. Но, Бетовен имаше сосема поинаква претстава за музиката. Сонати, концерти за клавир, синфонии - музиката на Бетовен не требаше да биде нешто попатно туку требаше да биде во центарот на вниманието. Во Виена - тогашниот центар на класичната музика, таквиот негов став, предизвикаше негодување, но и воодушевување.

Бетовен - идеален џез музичар?

„Бетовен беше првиот музичар кој не правеше музика по нарачка. Тој беше првиот самостоен уметник кој се одрече од благородниците и нарачателите на музика. За разлика од Хајден или Моцарт тој не свиреше за црквите или благородниците, туку во преден план ги ставаше неговите чувства, вели Маркус Шинкел, џез пијанист од родниот град на Бетовен, Бон. Тој во Бетовен гледа идеален џез музичар.

„Како Моцарт и многу негови современици, но и многу композитори по него, тој знаел одлично да импровизира, но тогаш импровизацијата се нарекуваше фантазија. Тоа било вистинака способност, во секој момент да се свири без ноти или цврсто утврдени тонови. Едноставно да се свири слободно. Тој тоа го правел исто како што сега го прават многу џез музичари,“ заклучува Шинкел.

Бетовен немал едноставен живот

Татко му сакал да го направи „чудо од дете“, исто како што некогаш бил Моцарт. Лудвиг уште од мал морал да свири на клавир. Првиот јавен настап како „Чудо од дете што свири на клавир“ го имал на седум години во Келн. На седумнаесет годишна возраст починала мајка му со која бил многу приврзан. Во меѓувреме уште повеќе се дистанцирал од неговиот татко пијаница. Бетовен, поголемиот дел од животот го поминал во Виена, каде наскоро станал познат. И финансиски добро му одело: дел од благородниците коишто ја сакале музиката ја препознале неговата генијалност и го поддржувале цел живот. Во 1810, Бетовен го достигна врвот на славата - иако имаше проблем со слухот кој само се влошуваше. Девет години подоцна оглуве целосно, но и покрај тоа продолжи да компонира. Во 1824 година ја заврши Деветатта синфонија, денеска многу познатата Ода на радоста. Бетовен почина во 1826 година на 56 годишна возраст. Погребан е во Виена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби