Ејми Вајнхаус колекција за есен-зима 2012

За извонредниот музички талент на Ејми Вајнхаус нема ни потреба да се зборува. Но, знаете ли дека покрај музиката, Ејми се занимаваше и со мода? Нејзината последна колекција ќе биде лансирана за неколку недели.

Британската пејачка која почина на 23-ти јули во Лондон, има дизајнирано неколку колекции облека за модната куќа Fred Perry, кои доживеаја голем успех.

Нејзината прва колекција, инспирирана од 50-тите години, се состоеше од рамно кроени здолништа, ретро фустани и корсети.

Колекцијата за оваа сезона, која е во хавајски стил, Ејми ја претстави во март оваа година. Се состои од 17 модели и тоа капри пантолони, кошули, туники, јакни и тесни здолништа.

Во едно интервју за Harper’s Bazaar пејачката изјавила дека ја подготвила колекцијата есен-зима 2012, повторно за Fred Perry, чии маици и самата често ги носеше.

Од модната куќа соопштија дека новата колекција ќе се појави за неколку недели, а се претпоставува дека интересот за неа ќе биде огромен, каков што е и за моделите од претходните колекции кои станаа многу барани откако почина Вајнхаус. Од пролетната колекција буквално не е останато ниту едно парче, освен можеби по некое на препродажба на eBay, каде можат да се купат дури и влезниците за нејзиниот последен концерт во Белград.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби