Како делува сексот на жените, а како на мажите?

Мозокот и хормоните во голема мера влијаат на нашиот сексуален и љубовен живот. Научниците често се занимаваат со изучување како функционираат тие работи, а сега носат и одговор на вечното прашање зошто жените полесно се заљубуваат, а мажите само сакаат повеќе секс.

Сексот е една од нашите најголеми преокупации, која предизвикува возбуда и восхит, но и болка во срцето, како и збунетост. Сè до неодамна немавме претстава зошто сексот толку ги усложнува работите помеѓу луѓето и не знаевме што точно се случува во мозокот за време на сексот. Но, Daily Mail пишува дека сега американските научници со помош на модерната технологија откриле што точно се случува во женскиот и машкиот мозок за време на самиот секс и оргазмот.

Меѓу останатото, откриле дека за време на сексуалниот чин во мозокот на жените се активираат различни области, зависно од тоа во кој дел од телото во одреден момент се чувствува најголемо задоволство. Поточно, во женскиот мозок се активираат 30 различни области, вклучувајќи го и она задолжено за емоции, допир, радост, задоволство и памтење.

Исто така, откриено е и дека две минути пред оргазмот во мозокот се активираат центрите задолжени за наградување. Станува збор за истите центри кои се активираат кога јадеме и пиеме.

На кратко, за време на сексот мозокот работи со полна пареа, што ни овозможува да доживееме вистинско задоволство. Токму заради хормоните кои се испуштаат за време на сексот и оргазмот и после тоа, работите во животот на луѓето знаат да станат покомплицирани.

Зошто љубовта боли?

За време на сексот се испушта хормонот окситоцин. Се работи за хормон кој е задолжен за поврзување и зголемување на блискоста.

- Окситоцинот ги отстранува нашите блокади и нè наведува да им веруваме на луѓето, вели д-р Arun Ghosh од болницата Spire Liverpool.

Женското тело го произведува овој хормон во многу поголема количина за разлика од машкото тело. Токму заради окситоцинот жените полесно се заљубуваат во мажите после сексот. Проблемот е во тоа што нашето тело не може да разликува дали имаме секс со личност со која немаме обврски, или пак со личноста со која сакаме да го поминеме целиот живот. Окситоцинот се излачува и во двата случаи.

- Овој чудесен хормон ви овозможува подобро да се поврзете со саканата личност, но исто така е одговорен и за болката која се јавува и после прекинот на пропратна врска. Мислам дека во него се крие одговорот на прашањето дали можат жените да се впуштаат во секс без обврски кој ги исклучува емоциите, бидејќи емоциите евидентно не можат да се изостават, истакнува д-р Ghosh.

Мажите, пак, наместо голема количина на тој хормон, добиваат голема количина на задоволство. Кога мажите доживуваат оргазам, во нивното тело доминантно се испушта хормонот допамин – хормонот на задоволство. Интензитетот на задоволството може да биде многу големо, заради што мажите се повеќе склони кон зависнот од секс.

Ова научно откритие објаснува зошто жените и мажите толку различно го доживуваат сексот. Природата очигледно си го прави своето без оглед на тоа колку се менуваат обичаите со текот на времето. Пропратниот секс во денешно време е многу популарен облик на врска која сè повеќе ја практикуваат и жените, но очигледно е дека таквата врска за нив е многу поопасна отколку за мажите. Можеби е далеку од праведно, но очигледно е природно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби