Лимон во сите комбинации за убава кожа

Лимонот е состојка со која може да се направат ефикасни и природни маски за чистење на кожата.

Лимоновата маска за лице ја подмладува кожата и и дава свеж и чист изглед. Еве неколку рецепти за тоа како да се употребува лимонот за да се направи природно средство за чистење на кожата.

Лимон и шеќер

Ова е една најчестите маски за лице кои содржат лимон. Лимонот врши ексфолијација на кожата и ги отвора порите. Ваквото чистење треба да се прави два пати во неделата.

Лимон и морска сол

За да ги отстраните старечките дамки, масната кожа и акните, може да направите природно средство со користење на состојки од вашата кујна. Тоа е познатата маска за чистење на лице, што ги содржи лимоновиот сок и морската сол. Лимонот врши ексфолијација, а солта има антибактериски својства. Во зависност од конзистенцијата, оваа мешавина може да се користи како маска, која ќе се нанесува на лицето и вратот и ќе се остава 8-10 минути да поделува. Потоа, маската се отстранува со ладна вода.

Лимон и мед

Овој рецепт го користеле и нашите баби, кога сакале да ја подмладат нивната кожа. Измешајте лимонов сок и лажица мед, и нанесете на претходно исчистена кожа на лицето и вратот и оставете го некое време да поделува. Оваа маска не само што го чисти лицето, туку ја прави кожата сјајна и свежа.

Лимон и јогурт

Ова е уште еден рецепт за чистење и навлажнување на кожата. После напорниот ден, може да се нанесе оваа маска и да се ревитализира кожата за неколку минути. Во поголем сад, измешајте јогурт и неколку капки лимонов сок или лимоново масло и нанесете ја мешавината на лицето и вратот со блага масажа. Оставете ја да делува 5 минути и потоа исушената маска измијте ја со топла вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Синот го прашува татко си:
- Тато, зошто се врти светот?
- Ти, пак си пиел од моето шише, а?

* * *

- Што е храброст:
- Да му се посереш на комшијата пред врата, па да му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1586.- Во Дерендинген, Германија, умре Примож...
1798.- Во Реинати е роден Џакомо Леопарди, еден...
1877.- Во селото Стричиќи, кај Бања Лука, е...
1858.- Роден е американскиот воен инженер Џорџ...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби