Дали си во врска со зрел маж или со недораснато дете?

Постои голема разлика помеѓу зрел маж кој знае што сака и недораснато дете кое што постојано се обидува да ви докаже дека тој знае што е најдобро за вашата врска. Како да ги разликувате? Доволно е да ги познавате карактеристиките на едниот тип за да знаете како изгледаат и двата.

Зрелиот маж, за разлика од големите деца, ги има надминато баналните ситуации и не е склон кон правење драми, туку резонира логично и балансирано.

Знаете на што сте и немате проблеми да дефинирате дали сте негова девојка, љубовница или жена за една вечер.

Не мора да го терате да работи на себе затоа што е самомотивиран и знае што сака во животот. Ако има некој проблем, самиот се труди да го реши.

Комуникацијата со него е нормална и едноставна. Не се трудите да се докажувате и да покажете кој е попаметен или сака да биде по негово.

Не се однесува како да треба некој да собира и да чисти по него. Уреден е и го цени вашето време.

Нема навика да исчезне со недели без да се јави, па потоа од никаде да се појави. Доволно е силен да се соочи со нештата, отколку да избега.

Караниците се конструктивни и се бара соодветно решение. Зрелиот маж не сака да манипулира ниту пак да ги извртува ситуациите само за да биде во право.

Нема комплекс кога неговата сакана е подобра и финансиски посилна од него, туку ја подржува да биде уште поамбициозна.

Никогаш не мора да погодувате зошто е нервозен или пак зошто е лут. Отворено зборува за нештата и бара решение.

За него љубомората е сосема непотребна во врската бидејќи знае иако сите мажи ја гледаат неговата девојка, тој е оној кој што ја има. Сигурен е во својата привлечност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби